16 Мај, 2021
0.0261

КОЛКУ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ОВАА ГОДИНА К15 ЗА РАБОТНИЦИТЕ - Владата го достави до Собранието законот со кој тоа ќе им го олесни на работодавачите

Објавено во: Економија 14 Април, 2021

Како што и најави, Владата го подготви и го достави до Собранието законското решение со кое ќе им го отвори патот на фирмите оваа година да го зголемат регресот за годишен одмор за своите вработени.

Познато е дека најмалиот износ кој фирмите мораше да го исплатат лани како регрес за годишен одмор или популарно наречениот К 15, изнесуваше 10.884 денари, или 40 отсто од просечната нето плата во последните три месеци од ланската година.

Сега Владата подготвила измени на Законот за данок на добивка, со кои, како што велат оттаму, ќе се поттикнат работодавачите да исплатат поголем регрес за годишен одмор, на тој начин што овој регрес ќе се третира како признат расход.

Тоа е во рамки на петтиот сет мерки за ревитализирање на економијата.

„Со цел да се поттикнат работодавачите да исплаќаат регрес за годишен одмор во повисок износ од минимално утврдениот, се предлага да се изврши и изменување на одредбата од Законот која ги регулира непризнаените расходи“, се вели во владиното образложение на предлог законот кој е веќе во собраниска процедура.

Дополнително, а со цел уште повеќе да се поттикнат работодавачите да вложуваат средства за зголемување на здравствена заштита на вработените, се предлага да се зголеми износот на трошок за платени лабораториски тестови  за ковид 19, кој што исто така ќе има третман на признат расход за даночни цели.

Исто така, со цел да се олесни постапката за пренесување на загубите, се утврдила и потребата од укинување на условот за претходно покривање на загубата согласно Законот за трговски друштва.

Па така сега, со законските измени, се предлага изменување на членот 9 и се зголемува износот на регрес за годишен одмор кој што ќе третира како признат расход за даночни цели. Дополнително, се зголемува и износот на платени лабараториски тестови за ковид 19, кој што ќе има третман на признат расход за даночни цели. Со еден член, пак од законот, се пропишува рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност по барањето за признавање како расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата. Се овозможува загубите кои што ќе ги оствари даночниот обврзник да можат да се покријат на товар на идните добивки, без обврска тие да се покриени согласно Законот за трговски друштва.

„Како резултат на примената на предложените законски измени, ќе се обезбеди спроведување на мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид 19, зголемување на износот на платени лабараториски тестови за ковид 19 кој што ќе има третман на признат расход за даночни цели, покривање на загубите без обврска истите да се претходно покриени согласно Законот за трговските друштва, како и се пропишува рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност по однос на барање за признавање како расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата“, велат од Владата во законските измени.

Од Владата во образложението не дале пресметка колкави се нивните очекувања дека ќе се зголеми регресот за годишен одмор за работниците оваа година.

Како што е познато, услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Бугарите штедат и во време на пандемија

Бугарите штедат и во време на пандемија

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето

Државата почна да му ја исплаќа А1 Арена „Борис Трајковски“ на Град Скопје, платена првата рата од милион евра

Државата почна да му ја исплаќа А1 Арена „Борис Трајковски“ на Град Скопје, платена првата рата од милион евра