26 Април, 2024
0.0267

Колку ќе позајми Македонија повторно: Ребалансот готов неделава, јавниот долг на тест

Објавено во: Економија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе им скрати на дел од Министерствата дел од планираните трошоци, тие за кои не успеале досега да се реализираат за да направи заштеди во буџетот. Сепак државата ќе мора и да позајми пари за да успее да ги сервисира обврските, особено тие кои се предвидени со мерките од четвртиот антикризен пакет. Бесими вели дека во крајна фаза е новиот ребаланс на буџетот, а тој ќе биде втор годинава. Претходно Владата еднаш направи прераспределба, еднаш ребаланс. 

Инаку и премиерот Зоран Заев и министерот Бесими велат дека само 160 милиони евра од вкупно 470 милиони колку што вреди пакетот се директни фискални импликации. дел од ова ќе с епокрива со кратењето за дел ќе се позајмуваат пари. 

„Првите подготовки за ребалансот ги правевме во Министерството за финансии, но се чекаше точната бројка на пакетот. Во моментот се работи во Министерството за финансии и до крајот на неделата се надеваме дека ќе го заокружиме ребалансот. Штом ќе помине на Влада, наредната недела ќе биде веќе во собраниска процедура, односно ќе биде пратено во Собранието – вели Бесими за Сител.

И тој и Заев велат дека јавниот долг е во контрола. Заев тврдеше дека се води грижа за тоа, но дека годинава ма и доста обврски по основ на стари долгови. 

„Водиме комплетна грижа за јавниот долг. Оваа година доспеваат најмногу обврски за отплата или вкупно 1,147 милијарди евра. Редовно ги враќаме обврските, но заедно со министрите правиме пакети да го поддржиме стопанство, рече Заев.

Тој вели дека не може да се пресмета колку ќе се зголеми јавниот долг со новите задолжувања. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија