28 Март, 2024
0.2366

Колку е темно надвор?

Објавено во: Анализа 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Предвидувањето на идното движење на цените на акциите е веројатно една од највозбудливите работи кои може да ги правите во седечка положба. На главната листа секако дека има многу повозбудливи работи, но затоа во некоја друга прилика... Целта на секој аналитичар е на база на некаков тип на анализа да го предвиди идното движење на цените и нормално притоа да заработи, како за себе така и неговите клиенти. Се анализираат билансите, се споредуваат се даваат препораки и сл. Академските дискусии од друга страна се водат за многу пошироки временски периоди, се дискутира за состојбата на економијата што треба да превземе и така натаму. Професорот Нуриел Рубини стана планетарна ѕвезда водејќи вакви типови на дебати. Техничката анализа од друга страна е алатка која сите дискусии и анализи на луѓето ги преточува во разни линии и графици кои во себе вградуваат се што се случува на пазарот. На основа на системот кој ќе си го поставите (а такви може да има безброј) Вие носите одлука како да се однесувате на пазарот. Техничката анализа вели дека луѓето имаат такви екстремни промени во располежението што варијаат во неверојатни крајности. Впрочем доколку се сетите за она што се зборувало за нашите акции ќе дојдете до заклучок дека истите инвеститори кои велеа дека на пример цената на акцијата на Макстил ќе достигне 1.000 денари, денеска велат дека истата не вреди ниту 100 денари, а притоа фирмата е генерално иста. Во одредени периоди луѓето кои инвестираат на берзите без исклучок ќе се однесуваат ирационално, тоа се моментите кога доколку правилно процените (што не е воопшто лесно) можете да профитирате. За почеток ќе го погледнеме носечкиот индекс на словенечката берза SBITOP. Без да знаеме што конретно се случува во Словенија, гледајќи го само долниот график доаѓаме до заклучок дека се случува можна промена на трендот. 20 дневниот просек на вредноста на индексот (розева линија) прави позитивен крос на 50 дневниот просек (сива линија). Ова значи дека краткиот просек во кој се вградени најновите очекувања на пазарот е позитивно настроен кон идните случувања и истиот е поголем од долгорочниот тренд во кој има собрано повеќе податоци. Ова во основа значи дека се очекува позитивна промена на трендот. Ваквата ситуација почна да се развива пред околу две недели, а можеби клучна точка која ќе ја потврди позитивната промена ќе биде нивото од 600 поени на индексот. Доколку се задржи или придвижи повисокот трендот ќе стане дефинитивно позитивен. Индикаторот секако може да биде и лажен (вакво нешто се случи во првиот квартал годинава), така да немојте да мислите дека ова е некој безгрешен нострадамуски систем. Останува времето да си го покаже своето. Зошто овој индекс ни е толку битен нам? Словенечките инвеститори се едни од најголемите странски портфолио инвеститори (до 10% сопствеништво) на нашата берза. Економската криза која ја тресе Словенија предизвикува серија потреси и на регионалните берзи каде доминираат Словенците. Кога земјотресот ќе се смири таму и тука нема да чувствуваме афтер шокови. Е сега зошто би се смириле берзите во ова време, кога светот тоне во рецесија и дали тоа не е луда претпоставка е прашање за друга анализа, но обично велат дека кога е најтемно тогаш се разденува. Во кој ден од ноќта се наоѓаме, тоа ќе го дознаеме за некое време.   Димитриоски Милан

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот