29 Март, 2024
0.0250

Колку девизи во куфер се пренесени преку граница?

Објавено во: Финансии 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Девизи во земјава не влегуваат само преку банкарски сметки, туку завиден износ странска валута се внесува секоја година, и тоа во готовина, преку граничните премини. Во периодот јануари- септември 2017 година, на влез во земјава кај македонските цариници вкупно се пријавени девизи во противредност на 6.240.198 евра.

Во вкупно пријавените девизи има 4.337.030 евра, 1.104.980 швајцарски франци, 383.500 американски долари, 266.000 австралиски долари, 50.000 шведски круни, 33.000 британски фунти и 22.880.601 македонски денари, покажуваат последните податоци од Царинската управа.

Во однос на царинските испостави, најмногу девизни средства се пријавени на ЦИ Аеродром Скопје (противредност на 2.698.314 евра или 43,24 отсто), ЦИ Блаце (противредност на 1.716.245 евра или 27,50 отсто), ЦИ Табановце автопат (противредност на 697.789 евра или 11,18 отсто) и ЦИ Богородица (противредност на 560.641 евро или 8,98 отсто).

Во истиот период во 2016 година вкупно беа пријавени девизни средства во противредност на 7,28 милиони евра, сите на влез во Република Македонија, односно лани печалбарите, кои внесуваат најголем дел од овие пари, донеле 14,26 отсто помалку девизи во споредба со претходната година.

Ова се однесува на внесување девизи во земјава, додека изнесувањето на странска валута во кеш е под построг режим. Според законот, македонските граѓани можат слободно да изнесуваат странски пари и чекови во противвредност до 2.000 евра. Може да изнесат девизи во противвредност и до 10.000 евра, но парите мора да ги пријават при преминот на државната граница кај цариникот. При тоа, треба да приложат потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка. Потврдата (бордеро) важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето. За македонските граѓани е забрането да изнесуваат странски пари во кеш над 10.000 евра.

Странците можат да изнесат и повеќе од 10.000 евра, но тој износ не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи.

Парите кои се фатени при шверц преку граница се одземаат привремено или трајно одземени. За непријавување или лажно пријавување на пари законот предвидува парични казни, но и затворски казни за случаи поврзани со перење пари и финансирање тероризам.

Но, и ова не ги спречува шверцерите на девизи. Според податоците од Царина, во 2017 година се спречени 51 обид на нелегално пренесување девизи преку граница, при што се запленети вкупно 545 илјади евра. Најбогатиот лов е на граничниот премин на скопскиот аеродром, каде при излез од државата кај патник се откриени и се одземени 105.000 евра.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап