Колку браната Конско за која ќе се потрошат 40 милиони евра ќе ја развие Гевгелија
Објавено во: Економија 22 Јули, 2018
За три години Гевгеличани ќе го почувствуваат бенефитот од хидросистемот Конско чија изградба официјално со притискање на копчето беше означена вчера.
40 милиони евра или 2,4 милијарди денари е сумата на која се проценува оваа инвестиција.
Надлежните очекуваат овој крупен инвестициски проект да и донесат на Гевгелија одржлив и долгорочен бенефит за граѓаните и развој на економијата.
Градот би требало да се снабдува со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, до плантажите и фармите, но и вода за спас на Дојранското Езеро.
Водите од акумулацијата Конско ќе се користат и за производство на електрична енергија.
Како што посочи премиерот Заев ова вештачко езеро ќе претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на општина Гевгелија и ќе создава услови за развој на туризмот, риболовот, рекреацијата и спортот.
Повеќе детали овде.