25 Април, 2024
0.0282

Колкави се месечните скриени трошоци за водење сметка во македонска банка

Објавено во: Финансии 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

ГФК Скопје, меѓународна агенција за истражување на пазар, спроведе анализа за цената на банкарската услуга за приматели на плата во поголем број на банки кои оперираат на македонскиот пазар, а резултатите од октомвриското истражување откриле дека месечниот трошок на клиентот може да се движи од околу 550 до околу 650 денари во зависност од банката, објави Капитал.

Првите впечатоци од истражувањето покажуваат дека банките наплатуваат одделно за секоја услуга, некои провизии на месечно ниво, некои на годишно и клиентите немаат точна и транспарентна слика за нивниот месечен трошок во банката во која примаат плата. Клиентите често пати имаат недоумица колкав е трошокот за е-банкарство, колку често се наплатува, еднократно, месечно или годишно и затоа некои од нив се двоумат дали да го користат или не. Вакви дилеми има и за провизиите за СМС известување, плаќања во земјата и странство, м-банкарство, затворање на сметка и слично.

Aнализата покажува дека банките во Македонија имаат низок трошок за одржување на сметка, но секоја друга услуга се наплаќа многу повеќе. Прашањето тука е дали клиентите се свесни за сите овие трошоци и дали се свесни кои опции ги имаат во останатите банки на пазарот. Како што покажува ова истражување, најголем дел од банките, наплатуваат 11% камата за дозволено пречекорување на сметка, што е воедно и максималната каматна стапка која може да ја наплатуваат банките согласно регулативата на НБРМ.

Некои од банките нудат можност за бесплатни повлекувања од банкомати на други банки, а доколку граѓаните ја немаат оваа опција банките наплатуваат провизии од 60 до 300 ден при една трансакција.

Банкарските експерти се согласни дека клиентите мора да имаат доволно информации за тоа кои се трошоците за банкарските услуги и со колкава фреквенција тие се наплаќаат со што ќе се елиминираат скриените трошоци. Најчесто се предлага воведување на еднократен надомест за сет на банкарски услуги, така клиентите ќе имаат прецизни информации што и како платиле и нема да се воздржуваат од користење на банкомат или електронско банкарство, нема да бројат колку СМС пораки им наплатиле и дали да го променат пинот на картичката или не. Скриените трошоци мора да станат видливи со што ќе се подобри и довербата во банкарските институции.


Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо