Колкава помош ќе добиеме од ЕУ, а колку другите од Балканот?
Објавено во: Економија 30 Март, 2020
Европската унија (ЕУ) објави дека 38 милиони евра се итна финансиска поддршка која ќе им се даде на земјите од Западен Балкан поради појавата на коронавирус.
Европската комисија соопшти дека на Западен Балкан ќе му се помогне за да ги задоволи итните потреби како што се маски, скафандери, респиратори и лабораториски материјали.
Во објавата, ЕУ вели дека има по 4 милиони евра за Албанија и Северна Македонија, 7 милиони евра за Босна и Херцеговина, 3 милиони евра за Црна Гора, 5 милиони евра за Косово и 15 милиони за Србија за поддршка на системите за јавно здравје.
Беше забележано дека еврото ќе обезбеди брза финансиска помош.Со цел да помогне во намалувањето на социоекономското влијание на коронавирусот во Западен Балкан, ЕУ ќе направи и измени во фондовите на пред-пристапната помош, позната како ИПА средства, додавајќи 46,7 милиони евра во Албанија, 73,5 милиони евра за Босна и Херцеговина, Црна Гора со 50 милиони евра, 62 милиони евра за Северна Македонија, 78,4 милиони евра за Србија и 63 милиони евра за Косово.
Во изјавата се истакнува дека земјите од Западен Балкан се исто така вклучени во иницијативата на ЕУ за заедничка набавка на заштитна лична опрема.