25 Април, 2024
0.0301

Колкава ќе му биде платата на Кире Колемишевски како директор на „Македонска банка“

Објавено во: Економија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Двајцата директори на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје поделиле 4,5 милиони денари бруто плата, надоместоци, бонуси и осигурувања минатата година. Државната банка која со комерцијални банки-посредници ги финансира малите и средните претпријатија во 2018-та беше предводена од Драган Мартиновски како главен извршен директор и од Бесим Билали како главен оперативен директор. Тие се и единствените членови на Управниот одбор на банката која се финансира од странски банки и со истите средства, како и со пари од државниот буџет, го кредитира стопанството.

На средината на мај годинава адвокатот по стопанско право Кирил Колемишевски, од Надзорниот одбор дојде на местото на Мартиновски, а претходно во февруари универзитетскиот професор Вељанд Рамадани исто така од Надзорниот одбор дојде како вршител на должност на местото на Билали. Колемишевски пријавил годишни бруто-примања од 353 илјади денари во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“, како и 53 илјади денари за шест месеци од надзорниот одбор на Аутомакедонија АД, додека Рамадани не ги пријавил своите примања, стои во тукушто објавениот годишен извештај на МБПР.

За членовте од другите одбори примањата се помали. За оние од Надзорниот одбор се исплатени 1,33 милиони денари. Таму интересно е тоа што членува Софче Јовановска, советникот во кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, која веќе пријавила 1,56 милиони денари годишни бруто-примања од Владата, како и 1,32 милиони денари од членството во клириншка куќа КИБС. Вреди да се спомене дека во овој одбор на „Македонска банка“ како член назначен од Владата е и поранешниот министер за финансии и актуелен професор Никола Поповски.

Според политиката на наградување, во МБПР бонусите не смеат да бидат поголеми од 25 отсто од фиксните примања. На членовите на надзорниот одбор им се исплатени 1,33 милиони денари, на оние од одборот за ревизија 438 илјади денари а на други 13 лица со посебни права и одговорности им се доделени 14 милиони денари.

Активата на кредитирање во 2018-та на Македонска банка била 9,2 милијарди денари додека во 2017 било 11,2 милијарди и според тоа бележи намалување за 18,1 отсто. Нето-приходите од камати се паднати на 100 милиони од 133 милиони година дена претходно. Добивката е падната на 52 милиони од 100 милиони една година претходно.

Обврските по кредити се намалиле од 9,9 на 7,5 милијарди  2.5 милијарди денари обврски за една година се отплатиле и во 2018 и во 2017. Управувањето со кредитниот ризик бил 13 милијарди во 2017, додека во 2018 бил 10,4 милијарди. Приходите и се намалени од каматите, зголемени од провизиите. Платено е двојно помалку данок на добивка.

Државниот кредитор најмногу средства позајмува од Европската инвестициона банка, како и од германската национална банка KFW. Освен обезбедување на финансии за мали и средни домашни претпријатија, Македонска банка за поддршка на развојот го кредитира и земјоделието, извозот и ИПА-проектите на локалните самоуправи, самовработување и осигурување. Соработува со речиси сите деловни банки од Македонија кои се нејзини посредници.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра