19 Април, 2024
0.0255

Колкава е просечната старост на македонскиот земјоделец?

Објавено во: Агробизнис 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Земјоделскиот експерт од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Васко Златковски, спровел анкетно истражување кое покажува дека просечната возраст на македонските земјоделци покажува дека се над средовечноста.

– Истражувањето кое беше спроведено покажа дека нашите земјоделци од аспект на  години се, ајде нема да ги наречам стари, туку искусни години. Просечната старост на анкетираните беше некаде околу 57 или 58 години и на прашањата кои што беа поделени во неколку групи, во делот на тоа; Дали користите интернет или не? Одговорија некаде околу 40 проценти, вели Златковски.

Сто отсто  од анкетираните одговориле дека не го промовираат своето производство, а како што вели Златковски доказ е доколку некој сака да побара информација за произведувачи на домати во Македонија  на интернет нема да излезе ниту една страна.

– Навиките кај нас, кај земјоделците не се насочени  постојано сами да се унапредуваат. Ова се разбира дека не значи за сите. Меѓутоа значајното мнозинство, од нашите земјоделци се уште чекаат некој друг да преземе активности и да ги реши проблемите, рече Златковски.

Резултатите од ова истражување ги потврдува и првиот човек на Асоцијацијата на земјоделците, Ефтим Шаклев.  

– Ова е навистина голем проблем. Ние веќе почнавме сериозно да се соочуваме со недостиг на работна рака, веќе нема млади работници и не само што нема кој да не наследи, нас постарите земјоделци, туку ако треба и за некои полски работи, да се ангажира работна рака едноставно нема. На пример и во овчарството нема теорија веќе да се најде одгледувач на овци, иако месечните плати спрема нашите услови се прилично високи од 600 до 700 евра. Тоа за нас е добра плата. Но, заинтересирани нема. Секој ден имаме нови информации дека вработените, кои што веќе работат даваат отказ и одат во странство. Не само во земјоделството, тоа ќе се случи и во индустријата, рече Шаклев.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари