Колкава дивиденда ќе поделат акционерите на Фершпед
Објавено во: Економија 17 Април, 2019
Фершпед ќе им подели дивиденда на акционерите вкупно вредна над 29 милиони денари (471.859 евра). Станува збор за исплата на дивиденда од нераспределената добивка на Друштвото до 2008 година.
Дивидендата во бруто износ по акција
ќе изнесува 1.780 денари.
Дивидендата ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите.
Инаку во образложението за финансиските извештаи за минатат година стои дека во деловната 2018 година а согласно остварените резултати во 2017 година донесена е одлука да не се исплаќа дивиденда.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 05.06.2019 година, а прв ден прв ден на тргување без право на дивиденда 06.06.2019 година.