13 Септември, 2024
0.0262

Колкава дивиденда ќе дели Комерцијална банка? Хари Костов најави рекордно успешна година!!!

Објавено во: Финансии 29 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Нето добивката за шест месеци надмина 46 милиони евра, а нејзиниот прв човек во интервју најави дека 2024 ќе биде рекордна и најуспешна година, како од аспект на добивка така и за дивиденда. Тоа се две извонредни вести за тие што знаат да читаат пораки и да извлечат поуки

Комерцијална банка и идната година ќе ги радува своите акционери. Дивидендата е рано да се утврдува, но прогнозите се дека ќе биде како и претходната (која беше рекордно висока н.з.) или пак ќе биде уште повисока.

Како што неодамна во интервју за Фактор најави долгогодишниот успешен банкар Хари Костов кој воедно е претседател на директорскиот борд и прв извршен директор на Комерцијална банка, цитираме:
„Акционерите на Комерцијална банка може да очекуваат уште една рекордна година од работењето на Банката, како во поглед на остварената добивка, така и во поглед на очекуваната дивиденда за 2024 година“.

Во однос на можното претстојно преземање на Стопанска банка Битола, тој истакна: да заклучам, очекуваното инвестирање во акциите на Стопанска банка Битола нема да предизвика никакво влошување на билансите на Комерцијална банка и додаде дека очекуваат одлична година како од аспект на деловен успех така и од аспект на идна дивиденда.

Целото интервју на Костов може да го прочитате на следниот линк https://faktor.mk/intervju-hari-kostov-ponudenata-cena-od-3200-denari-po-akcija-kje-bide-prva-posledna-i-edinstvena-ponuda-od-komercijalna-banka-za-prezemanje-na-stopanska-banka-bitola

Да потсетиме, годинава, во април, најголемата македонска банка според актива, подели 910 денари бруто дивиденда по акција. Поточно банката исплати 33,72 милиони евра бруто дивиденда од што државата преку УЈП врз основа на персонален данок (за физички лица) и данок за задршка наплати од Комерцијална банка околу 3,8 милиони евра данок. Кај домашните акционери односно во нашата домашна економија завршија над 29,3 милиони евра.

Како што веќе пишувавме, Комерцијална банка во првите шест месеци годинава имаше одлични финансиски резултати. Повеќе на таа тема може да прочитате на следниот линк  https://faktor.mk/bravo-bravo-bravo-zatoa-se-ispotepaa-investitorite---komercijalna-banka-drzi-lekcii-chist-profit-blizu-50-milioni-evra-za-shest-meseci

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија