19 Април, 2024
0.0252

Колку милиони евра е профитот на фирмата што печати учебници за основци и средношколци?

Објавено во: Анализа 01 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

„Арс Ламина“ лани и преклани добила тендери за набавка на учебници, стручна литература и печатени материјали во вредност од 8,5 милиони евра. Лани добивката на компанијата што ги печати учебниците за средно и за основно образование и работните материјали била 1,81 милиони евра, а во 2016 година прифитот изнесува 1,74 милиони евра

Скопската компанија „Арс ламина“ во периодот од 2016 и 2017 година има добиено 66 тендери од државни институции вредни повеќе од 8,5 милиони евра. Најголемите тендери се за печатење на учебниците за основно и за средно образование и додатен работен и дидактички материјал кои ги доделува Министерството за образование. Нејзиниот профит лани е 33 отсто од приходите, а во 2016 година е 25,5 отсто од приходот.

Дури 25 од 60 добиени тендери во 2016 година се од Министерството за образование. Најголемиот од нив е за набавка на учебниците за основно и за средно образование и тој договор вреди 3,9 милиони евра. Тој тендер на „Арс Ламина“ во 2016 година и носи 64 отсто од сите приходи од тендери добиени во таа година. Вкупните приходи од тендерите во 2016 година изнесуваат 6,1 милиони евра. Колку е големо учеството на приходите од тендери за „Арс ламина“ говори и фактот што од целиот приход во 2016 година кој изнесува 6,83 милиони евра и дури 89 отсто се приходи од тендерите што компанијата ги добива пред се од Министерството за образование и од Министерството за култура.

Во следната 2017 година „Арс Ламина“ добива вкупно 6 тендери од државни институции, од кои убедливо најголеми се двата за набавка на учебници за основно и за средно образование од Министерството за образование. Нивната вредност е 2,456 милиони евра. Другите три тендери заедно се на износ од околу 2.500 евра. Лани „Арс ламина“ има вкупен приход во износ од 5,46 милиони евра, а учеството на двата тендери од Министерството за образование во вкупниот приход е 45 отсто.

Каков е профитот на „Арс Ламина“?

Профитот на „Арс Ламина“ лани е 1,81 милиони евра и во споредба со 2016 година е поголем за 70.000 евра. Многу поважно е тоа што профитот на компанијата лани е 33 отсто од сите приходи што е резултат што многу компании можат да го сонуваат. Во 2016 година профитот е 25,5 отсто од целиот приход. 

„Арс Ламина“ е голем издавач во земјава. Компанијата постои повеќе од 10 години и има 42 вработени лица.


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!