КОКАИНСКА АКЦИЈА КРУШОПЕК: По распитот на приведените, истрага засега само за двајца
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020
Акцијата од Крушопек која овие денови е во фокус на јавноста а која е поврзана со запленетиот кокаин кој во земјава дојде Колумбија и Еквадор, отвори истрага за две лица.
Првично беа приведени четворица, а по распитот надлежните решија истрага да се води за сопственикот на фирмата која го увезува овошјето кој доби притвор, додека второосомничениот засега доби мерка обезбедување присуство.
Две други лица пак се ослободени.
Кокаинот, како што беше соопштено е запленет во кутии од банани додека како доказ се запленети камионот марка Ивеко 1098, мобилни телефони и пари.
Она што допрва ќе се истражува е каде е остатокот од дрогата и откривање на мрежата на дилерите.