Која македонска телевизија е еден од најголемите донатори во спортот? На фудбалски клуб му подари 923.000 евра!

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2025
Вредноста на донацијата што ТВ „Сител“ ја додели на ФГ „Силекс“ во 2023 година е повисока за 85% од донацијата што им ја доделиле една година претходно. ФК „Силекс“ на донаторот му заблагодари така што го освои четвртото место во Првата македонска фудбалска лига
Националната телевизија „Сител“ донираше 923.000 евра за фудбалскиот прволигаш „Силекс“ во 2023 година и со тоа сама обезбеди над 80 отсто од сите приходи на овој фудбалски клуб со најдолг прволигашки стаж во независна Македонија, пишува во финансискиот извештај на независните ревизори на ФК „Силекс“.
Официјалните ревидирани податоци на акционерското друштво ФК „Силекс“ покажуваат дека најголем донатор на фудбалот во Кратово во 2023 година била националната телевизија „Сител“. Затоа што обезбедила донација која покрива огромен дел од трошоците на фудбалскиот прволигаш. Инако ФК „Силекс“ во 2023 година завршил на четврто место во Македонската фудбалска лига и за тоа потроши 1,14 милиони евра.
Што се однесува до ТВ Сител, телевизијата била донатор на фудбалскиот клуб и во претходната 2022 година. Тогаш донацијата дадена на ФК „Силекс“ изнесувала 500.000 евра. А една година потоа е поголема за 85 отсто. Повеќе детали за тоа како претходната година се финансирал клубот има на следниот линк https://faktor.mk/koj-e-najverniot-navivach-na-fk-sileks-lani-mu-donirashe-500000-evra
Освен ТВ Сител донација на опстојувањето на ФК „Силекс“ дала уште една фирма од холдингот „Силекс“, а тоа е „Силпен Ст“. Оваа компанија за фудбалот во 2023 година издвоила 50.000 евра.
Освен двата донатори ФК „Силекс“ во таа година имал и еден спонзор. Тоа е уште една фирма од холдингот на „Силекс“, а станува збор за компанијата „Силкрат“ која издвоила 132.700 евра за реклама која е поставена на стадионот во Кратово.
Финансирањето на кратовскиот фудбалски прволигаш „Силекс“ во 2023 година вреди вкупни 1,114 милиони евра. Најголем дел од средствата се за исплата на плати и трошоци за фубдалерите и стручниот штаб на клубот. За таа намена се потрошени 726.000 евра. Уште 335.000 евра биле наменети за оперативното работење на фудбалскиот клуб.
Н.С.
Можеби ќе ве интересира
МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ
