20 Април, 2024
0.0259

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Не е новина дека државата ќе се задолжува идната година, впрочем, тоа е и логично кога се планира буџетски дефицит, и веќе беше најавено кога се презентираше предложениот буџет за идната година.

Но, она што е интересно и што ќе се случи прв пат идната година, е што Владата планира да се задолжи директно кај некоја од домашните банки, во форма на краткорочен кредит. А со парите што ќе ги земе планира да ја врати втората рата од ПБГ кредитот, земен во 2013 година.  

Како што на прес конференцијата кажа мминистерката за финансии Нина Ангеловска, ПБГ кредитот е земен во 2013 година од германската Дојче банка, а гарантиран од Светска банка, на сума од 155 милиони евра. Каматната стапка по која бил земен тој кредит изнесувала 3,9 отсто.

Според министерката, каматните стапки во овој период се најниски, и би било одговорно, ако се успее да се обезбеди заем со камата од еден од 1,5 отсто, да се земат тие средства и со нив да се рефинансираат старите, поскапи кредити.

Засега нема информација која домашна банка или банки директно би ја кредитирале државата за да го врати заемот кон Дојче банка. Не се знае ни колку би тежел тој кредит, но се очекува дека би се доближил до износот на стариот ПБГ заем. Каматата, пак, би требало да биде поволна, или во рамките што ги спомна министерката - од еден до 1,5 проценти. 

За идната година државата во предлог буџетот најавува дека ќе се задолжи дома на вкупна сума сума од 441 милиони евра.

„Домашното задолжување е предвидено на ниво од 441 милиони евра, а ќе се обезбеди од краткорочен кредит од домашни комерцијални банки и ќе биде наменет за рефинансирање на втората рата од ПБГ кредит земен во 2013 година, како и со задолжување со ДХВ“, се вели во предлог буџетот за идната година.

А како што стои во буџетот, вкупното задолжување во 2020 година ќе биде 985 милиони евра, или близу една милијарда евра. Но, со него ќе се вратат и стари долгови, што значи дека нето задолжувањето ќе биде 496 милиони евра.

Всушност, од Владата велат дека проектираниот дефицит од 283 милиони евра, заедно со отплатата по основ на главница на надворешен долг од 437 милиони евра, како и отплатата на домашен долг од 265 милиони евра, ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

„Задолжувањето во странство може да се реализира преку издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Притоа, изборот на извор за финансирање ќе се темели на поволните тековни состојби на меѓународните пазари на капитал. Со цел да се управува прудентно со јавните финансии, Министерството за финансии ќе ја разгледа можноста за активно управување со должничкото портфолио преку операции на предвремен откуп на долг“, се вели во предлог Буџетот.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин