24 Април, 2024
0.0253

Која банка ја дуплираше добивката лани?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ЦКБ е банката што лани, во услови на корона – бизнис неприлики, ограничувања и неизвесности во економските текови, успеа да ја зголеми добивката за речиси двојно. Тајната е во значајно намалените трошоци за резервации паралелно со нула загуба за оштетувања на нефинансиски средства, а тоа во комбинација со солидно појачани приходи од провизии и надоместоци и нето приходи од камати одржани на ниво од претходната година

„Централна кооперативна банка“ (ЦКБ) лани оствари одличен раст на добивката и заврши со профит од 277.000 евра што е безмалку двојно повеќе од добивката во 2019 година, покажуваат официјалните податоци за работењето на банката лани достапни на информативниот сервис СЕИ НЕТ на Македонска берза за хартии од вредност.

Нето приходите на оваа банка која е во острата конкуренција на 5 најмали банки се 4,55 милиони евра и тоа е за 1 отсто подобар резултат од претходната година, што во услови на корона е солиден успех со оглед на ограничените услови на стопанисување, зголемената неизвесност во сите економски гранки и намалената економска активност. Солиден раст бележат нето приходите од провизии и надоместоци кои изнесуваат 1,425 милиони евра и тоа е за 197.000 евра повеќе од 2019 година и тоа е солиден раст од 16 отсто. Останатите приходи од дејноста изнесуваат 155.000 евра. Над 160.000 евра банката лани инкасирала од курсни разлики на нето основа.

Клуч на успехот на ЦКБ банка лани се резервациите и речиси анулирaните трошоци т.е. загубата поради оштетување на нефинансиските средства . Резервациите изнесуваат 325.000 евра и тоа е за 126.000 евра помалку од 2019 година, а загубата поради оштетување нефинансиски средства е само 300 евра.

Најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 2,62 милиони евра и книжат минимално зголемување во споредба со претходната година. Добивката лани , на нето основа, е 277.000 евра и во споредба со 2019 година е повисока за 117.000 евра.

Кредитите на коминтентите на крајот на декември лани биле на ниво од 116,7 милиони евра и се за 6,45 милиони евра повисоки од претходната година. Вложувањата во обврзниците достигнале ниво од 18,95 милиони евра и се зголемиле за 4 милиони евра. Нивото на депозити на коминтенти на крај на 2020 година е 145,1 милиони евра и тоа е на исто ниво како и во претходната 2019 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата