25 Април, 2024
0.0276

КОЈА БАНКА „ГАЗИ“ КОН АКТИВА ОД ДВЕ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА, А КОЈ Е НОВИОТ „МИЛИЈАРДЕР“ - еве колку тежат домашните банкарски играчи

Објавено во: Финансии 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Кварталните податоци што ги објавува Народна банка на Македонија за македонските банки се секогаш интересни за да се согледа кој е каде на македонската банкарска сцена.

Деновиве осамнаа и најновите бројки за активата на банките, кои говорат дека големите продолжуваат да бидат уште поголеми, но и дека спојувањето на досега не толку моќните банкарски играчи, би можело да ја загрози комоцијата на досега неприкосновените.

А токму окрупнувањето на банкарскиот сектор беше нешто на што со години наназад инсистираа од Меѓународниот монетарен фонд, со образложение дека бројот на банки досега беше преголем за нашиот пазар, како и дека помалку поголеми банки се подобри за конкуренција наспроти повеќе дисперзирани и не толку силни банкарски институции. Можеби тоа најдобро го покажа примерот со пропаѓањето на Еуростандард банка, која не можеше да се докапитализира за да опстои на банкарската сцена.

Треба да се потенцира дека последните квартални показатели што ги објави првата монетарна куќа се однесуваат на крајот на првото полугодие лани, но тоа е така бидејќи веројатно за обработка на овие бројки е потребно повеќе време.

Банка на тронот според големината и натаму останува да биде Комерцијална банка, со актива сега од дури 2,4 милијарди евра, или прецизно 2,398 милијарди. Само за три месеци, во однос на првиот квартал лани, активата на Комерцијална банка е зголемена за близу 200 милиони евра, или прецизно, за 186 милиони евра. Практично, Комерцијална банка останува да биде единствената банка со актива над две милијарди евра.

Инаку, за една банка да влезе во конкуренцијата на големи банки, Народна банка на Македонија тоа го условува со големина на актива од над 717 милиони евра, лимит кој е одамна надминат за нашата голема банкарска петорка.

Натаму, втора по големина е Стопанска банка Скопје, со тежина на активата од 1,857 милијарди евра. И Стопанска банка Скопје за три месеци има значаен пораст на својата актива, со оглед што на крајот на март лани таа изнесувала 1,727 милијарди евра, што значи дека за три месеци има раст од рамно 130 милиони евра.

Третата позиција е резевирана за НЛБ Банка, со актива на крајот на јуни лани од 1,736 милијарди евра. Тоа значи дека оваа банка имала зголемување на својата актива за 126 милиони евра за период од три месеци.

Промени настануваат во четвртото место, кое сега го зазема Шпаркасе банка, токму откако кон неа се присоедини Охридска банка, со што тие сега функционираат како една банка. Токму преку овие две банки се гледа како се создава моќен банкарски играч од два не толку големи. Односно, „новата“ Шпаркасе банка сега има актива од 1,204 милијарди евра, со што го надминува прагот на „милијардер“. Само три месеци претходно, пак, на крајот на март, активата на „старата“ Шпаркасе банка тежела 442 милиони евра, додека, пак, онаа на и тогаш големата Охридска банка била 708 милиони евра. Тоа е последниот квартал за кој податоците за овие две банки се презентираат одделно. Ова покажува дека двете банки заедно имале вкупна актива од 1,150 милијарди евра, така што новата банка не само што го окрупнила тој банкарски капитал, туку тој дополнително и пораснал за 54 милиони евра.

Халк банка продолжува моќно да гази во светот на големите банкарски играчи, достигнувајќи на крајот на првото полугодие лани актива од 1,180 милијарди евра. Со тоа оваа турска банка продолжува со својот тренд на постојан раст, кој во однос на претходните три месеци изнесува 51 милиони евра.

Следува групата на средни банки, нивниот број сега е пет, „осиромашен“ за Шпаркасе, која премина во редот на големите.

Прокредит е прва од средните банки, со актива од 628 милиони евра, а по неа следува Универзална банка, со актива од 410 милиони евра.

Овде треба да се спомене дека средни банки се оние чија вредност на капиталот изнесува меѓу 179 милиони евра и 717 милиони.

Трета средна банка е државната Развојна банка чии капитал изнесува над 231 милиони евра, додека, пак, вредноста на активата на Стопанска банка Битола е на ниво од 192 милиони евра.

Уште една банка влегува во групацијата на средни, а таа е Централно кооперативна банка, со актива од над 183 милиони евра.

Следуваат трите мали банки, каде лидер е ТТК банка, со актива од над 145 милиони евра, по неа е Силк Роуд банка, чии капитал тежи 125 милиони евра и на крајот е Капитал Банка, со актива од 50 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка