Koj зема највисоки плати во Македонија?

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021
Компјутерските програмери во декември минатата година заработиле во просек по 76.223 денари.
Највисoки плати земале вработените во информатичката дејност и комуникациите каде што просекот на нето исплатена плата е 56.998 денари. Во телекомуникациската дејност, пак, просекот е 50.034 денари. Зад нив се вработените во фармацевтските компании со просек од 47.940 денари и финансиските дејности и осигурувањето каде што просекот е 46.795 денари. Во енергетскиот сектор просекот е 40.530 денари. Високи плати се исплатени и во дејности на организации врз база на зачленување каде што просекот е 40.840 денари. Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен каде просекот изнесува 39.655 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година во однос на декември 2019 година е зголемена за 5,4 отсто и изнесува 28.294 денари.За споредба, синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари.
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Од утре исплата на помошта од 1,9 милијарди денари

Хотелите од Охрид и Струга се договорија, ќе има специјален попуст за Србите

Угостители: Банките и извршителите ни се закануваат, во вторник протест пред Министерството за финансии

Високите цени на брашното и маслото ќе останат до следната жетва

Кој тајкун ќе ги купи? „Реплек“ продава 6,88 отсто од акциите за 240 милиони денари преку „се или ништо“

Псалтиров, Саити, Тунева и Ајдини избрани за први економски советници-промотори

Продолжува акционерската битка во Реплек: Туџаров и Зимбакова предлагаат нови членови на Надзорниот одбор
ВЛАДАТА ДО КСС КОИ ПРОТЕСТИРАА - не сте репрезентативен синдикат, а сепак сте вклучени во Економско-социјалниот совет, се што ние правиме, е во интерес на работниците
