29 Март, 2024
0.0321

Кој заложи акции од половина милијарда долари, а зошто како залог се ставени и кокошки

Објавено во: Економија 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Акции, удели во компании, возила, но и стада крави, кокошки, лозови насади моментно се ставени како залог. Со нив должници гарантираат дека ќе ги вратат парите кои ги должат. Заложниот регистар функционира во Централниот регистар, но оттаму не соопштуваат колкава е вкупната вредност на сите залози во моментов. Велат дека од 2015 година бројот на залози и нивната вредност расте, сепак и колку од залозите се активни во моментов не се соопштува. Во минатите години такви беа и по над 25 илјади. Со оглед дека ликвидноста во стопанството не е подобрена значајно, сигурно вредноста на заложените добра сега е многу поголема. Сепак се знае дека вредноста на најголемиот залог е дури 480 милиони долари.

ЧИСТА СМЕТКА, ДОЛГА ЉУБОВ

Немаат избор, па тие кои имаат некои долгови со залог гарантираат дека ќе се раздолжат.  Практично што е хипотеката за стан,тоа е залогот врз автомобил, машини, опрема и други движни ствари. Доколку својат обврска од договорот не ја намири навреме, без оглед дали станува збор за рата од банка за автомобилски кредит или за испорака на одредено количество стока, залогот се активира и заложениот предмет преминува во сопственост на тој што е доверител.

Од Централниот регистар велат дека најчесто се заложуваат моторни возила, опрема, трговска стока на залиха, но и парични побарувања.

Иако не се соопштува, бидејќи од регистарот велат дека трендот е растечки најверојатно сите тие заложени предмети вредат и колку еден македонски буџет. Но има и некои поспецифични залози.

„Специфични залози се крави, овци, кокошки, руда, пченица, тутун, лозови насади“, велат од Централен регистар за Фактор.

ИМА ЗАЛОГ ВО ГЕРМАНСКИ МАРКИ

Ако се анализира вредноста на залозите може да се заклучи дека се заложуваат навистина вредни предмети. Највисоките се од стотици милиони евра, а речиси и да нема некој што е понизок од 5.000 евра. Од она што го добивме од Централен регистар, најголем залог моментно е удел во компанија која вреди 480 милиони долари. Највисокиот залог во евра, пак вреди 200 милиони евра, додека  третиот најголем залог е денарски односно изнесува 1,6 милијарди денари. Има залог и во јапонски јени кој е во вкупна вредност од шест милиони јени.

Иако не постојат и не се употребуваат веќе во Заложниот регистар има залог кој е изразен во германски марки. Не с есоопштува што точно е заложено, но вреди 3,9 милиони марки.


Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи