25 Април, 2024
0.0294

Кој во затворот “Идризово“ ќе „папа“ половина тон путер?

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Споредбата на годишните набавки за храна (2022 и 2023 година) во затворот „Идризово“ покажува дека актуелната управа сега набави пола тон повеќе путер во споредба со последната годишна набавка. Тоа е за 50 отсто повеќе од набавеното за оваа година. Додека чекаме објаснување од в.д. директорот Шпенд Таири вреди да се знае дека за 1,5 тони путер „Идризово“ со новата набавка ќе плати 19 евра по кило, а во старата набавка платиле 13 евра за кило. Целиот тендер за набавка на храна за „Идризово“ (идентична палета производи) за идната година е поскап за 60 отсто односно 426.000 евра во споредба со набавката направена лани

Најголемиот затвор во земјава, скопски „Идризово“ ја зголеми за 50 отсто набавката на путер за идната година. Ова го потврдува споредбата на двата договори кои КПУ „Идризово“ ги склучи со една иста фирма скопски „Фодулмак“.

Во ланскиот тендер кој завршува сега затворот купил 1 тон путер несолен и со масленост од 80 отсто, а за тоа платил 13.000 евра без ДДВ. Пакувањата наведени во тендерот се со маса од 20 грама по парче.

Истата грамажа и истите спецификации на путерот се барале и сега за набавката за идната година. Само количината е зголемена за 50 отсто! Сега затворот купува 1,5 тони путер. Истиот добавувач го добива тендерот и за стоката ќе наплати 28.000 евра. Простата математика покажува дека кило путер лани чинел 13 евра, а сега чини 18,7 евра. Пораснала набавената количина за 50 отсто, пораснала и цената на путерот за 50 отсто.

 Разликата е само во потписите. Лани за КПУ„Идризово“ потпишал Јовица Стојановиќ, а годинава по предавањето на затворот на менаџирање на коалицискиот партнер потписник е в.д. директорот Шпенд Таири.

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ побара одговори од Таири заради кои причини набавката на путер е зголемена за 50 отсто и дали тоа се должи на поголем број затвореници. Воедно прашавме и зошто путерот се набавува во пакување од 20 грама и зошто е класифициран во кондиторски производи, а не во млечни продукти. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост. Прашањата се пратени и до Управата за извршување санкции, државе орган надлежен за функционирање на затворите.

Како што веќе пишувавме затворот „Идризово“ за менито на своите затвореници и за потребите на отвореното одделение во Велес ќе плати вкупно 1,1 милиони евра за храна за период од една година.

Лани управата на затворот „Идризово“ за храна на вработените набавена од истата фирма платила 691.000 евра без ДДВ.

Годинава набавката на храна за затворениците поскапела за 60 отсто!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди