28 Март, 2024
0.0243

Кој вложи безмалку пола милион евра во акции на ТТК Банка?

Објавено во: Финансии 20 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Значајна ценовно чувствителна информација во овие сушни денови на нашата берза е тоа што инвеститор плаќа 463.400 евра за акции во ТТК Банка по пазарна цена која е повисока од книговодствената вредност на таа акција

Акцијата на ТТК Банка беше една од најликвидните акции во скромната понуда на нашата берза во претходната седмица. Акции си купија тројца членови на органите за надзор и управувањено многу позначајна е една блок трансакција вредна 463.400 евра во која беа истргувани 2,3 отсто од сите акции со право на глас во таа банка. Цената изнесува 1.350 денари за акција.

Засега нема официјално известување за тоа кој е сопственик на акциите кои беа истргувани во овој блок реализиран на 12 септември. Денешната состојба во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност покажува дека најголем акционер останува да биде „Тетекс“ со посед врз 41,5 отсто од сите акции, а уште 121 домашни фирми поседуваат заедно 19 отсто од акциите. Дури 1.790 домашни физички лица поседуваат 39 отсто од акциите со право на глас во таа компанија.

Со оглед на тоа дека станува збор трансакција помала од 5 отсто од вредноста на сите акции, промената на сопственоста не мора задолжително да се регистрира во базата на ЦДХВ.

Евентуално ако биде објавена како ценовно чувствителна информација која произлегува од регулативите поврзани со учеството во капиталот, доколку продавачот или купувачот е правно лице чија акција котира на берзата и има обврски да известува.

Поверојатно е, со оглед на количината продадени акции, дека акциите ги продава правно лице кое е едно од тие 121 акционер во ТТК Банка. Но не се исклучува ниту можноста дека станува збор за системски блок во кој акциите се понудени како агрегат на повеќе мали акционери.

Како и да е ТТК Банка е успешна компанија која во инвеститорската јавност ужива углед на дивиденда акција. Тоа значи дека постои значајна извесност дека иматели на акции можат да планираат дивиденди за своите вложувања.

Оваа компанија во последните пет години исплаќа дивиденда на своите акционери, а за последните три години дала вкупно 246 денари дивиденда по акција. Да потсетиме дека деновиве овваа банка објави дека Наталија Алексова, членка на Управниот одбор и драгица Јовановска, членка на Надзорниот одбор купиле по 1.500 акции во таа банка, а членот на Надзорниот одбор Бобан Гоговски, докупил 2.110 акции со право на глас. 

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка