24 Април, 2024
0.0295

КОЈ УШТЕ САКА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ - ќе надмине ли излезноста 50 проценти?

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Разочараност, апатија, бесперспективност. Вреди ли да се излезе на избори и да се даде гласот за некоја од политичките партии што ќе се натпреваруваат во изборниот ринг на 12 април следната година. Можат ли да станат оние што нема да излезат на избори едно од помасовните „гласачки“ тела, сакајќи на таков начин да им пратат порака на политичките ривали дека веќе немаат доверба оти тие ќе им донесат подобар живот.

Каква ќе биде излезноста на следните парламентарни избори. Политичките аналитичари со кои разговараше Фактор се на став дека партиите сепак ќе обезбедат излезност на граѓаните од над 50 проценти од запишаните гласачи.

За потсетување, на претседателските избори што се одржаа пролетва, во вториот круг, кој се одржа на втори мај годинава, владејачката партија СДСМ успеа да ги мобилизира гласачите, и се постигна потребниот цензус од над 40 отсто од запишаните избирачи, или поточно, излезноста беше над 46 проценти. Со тоа, кандидатот кој освои најголем број гласови, Стево Пендаровски, стана петтиот претседател на државава.  

На парламентарните избори кои се одржаа во декември 2016 година, пак, излезноста на гласачите беше 66,79 проценти, што значи многу повисока од претседателските избори. Но, тоа е и вообичаено, мотивацијата за гласање да биде поголема кај граѓаните на парламентарни избори.

Според аналитичарите, тешко е дека на овие избори ќе се постигне излезноста од претходното парламентарно изборно соочување.

Александар Кржаловски од МЦМС, сепак, очекува дека излезноста ќе биде над 50 проценти.

„Изборите се закажаа за релативно доцен термин (има речиси шест месеци до тогаш) што ќе значи дека партиите ќе бидат во продолжена (иако неформална) кампања, во која во најмала рака ќе се обидат да го хомогенизираат своето стандардно гласачко тело, а секако и да мобилизираат нови гласачи. Со оглед на тоа не се сомневам дека ќе има поголема излезност отколку на претседателските избори, и врројатно и над 50 проценти, без оглед на видливата апатија и разочараност кај граѓаните“, вели за Фактор Александар Кржаловски од МЦМС.

И Алберт Муслиу, политички аналитичар, верува дека на гласање ќе излезат над половина од регистрираните избирачи.

„Партиите кај нас се веќе професионализирани за обезбедување излезност, така што, верувам дека на наредните предвремени парламентарни избори ќе има поголема излезност од онаа што беше на претседателските избори, но не верувам дека ќе се обезбеди излезност каква што имаше на последните парламентарни избори во 2016 година. Ова од повеќе причини - миграцијата на населението, но и големата разочараност, особено по нејасниот став кој го добивме за почнување датум за преговори од Европската унија. Сето тоа влијае врз мотивацијата на граѓаните. Но, сепак, очекувам дека ќе има излезност над 50 проценти“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Пред изборите се појави уште една дилема, дали во услови на апатија на граѓаните, има простор за трета партија. Ќе се обиде ли некој да ги освои разочараните од двата големи политички блока?

Според Кржаловски, тоа го овозможува сегашната ниска доверба на граѓаните во актуелните партии. Се надева дека некој ќе се обиде да го направи тоа.

.„Оваа состојба на најниска доверба во партиите, веројатно како никогаш досега овозможува појава на трета опција, која би можела да го разбие колку-толку дуополот/бипартизмот. Од друга страна, шест месеци, сепак, веројатно не се доволни за серозен настап на изборите и создавање партиска инфраструктура за конкурентен настап. Но, се надевам дека некој ќе се обиде!“, смета Кржаловски.

Дека има време да се појави трета партија, смета и Муслиу.

„Не дека нема време, има време да се појави трета партија. Но ако таква партија се појави, таа веќе во ноември ќе треба да биде јасно искристализирана. Има простор да се појави таква трета партија, но дали тоа ќе се случи, ќе видиме“, објаснува Муслиу.

Терминот е договорен, останува уште да се формира техничката влада на трети јануари следната година. Останува да се види каков „кец од ракавот“ во форма на понуда до граѓаните ќе извлечат партиите. 

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право