20 Април, 2024
0.0474

Кој сака социјална помош - секој месец мора на шалтер на Агенција за вработување

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Активни или пасивни, се помалку луѓе бараат работа во земјава. Ако во јануари годинава во Агенцијата за вработување како невработени биле евидентирани вкупно 194.225 лица, за само осум месеци тој број се намалил за вкупно 5.396 баратели. Или, на крајот на август годинава работа бараат 188.829 граѓани од земјава.

Од нив како активни братели, кои се должни секој месец да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, на крајот на осмиот месец од годинава се водат 101.187 лица, што е помалку од јануари за 4.417 лица. Во меѓувреме, тие или нашле работа, или се иселиле од земјава.

Но она што е забележително, е дека во земјава во последниве неколку месеци се поизразено паѓа и бројот на пасивните баратели, оние за кои на шега се зборува дека бараат работа, но молат Бога да не ја најдат. Тие не се пријавуваат секој месец во Агенцијата, туку тоа се должни да го прават на шест месеци.

На крајот на август нивниот број е 87.642 лица, што е за дури 925 граѓани помалку од јануари. Симптоматично е што нивниот број почнал позначајно да се намалува од мај годинава, или за 4 месеци падот на пасивните баратели е за 707 лица.

Кои се причините за ова, од Агенцијата за вработување објаснуваат дека од мај годинава, со новиот Закон за социјална заштита, за домаќинствата да користат гарантирана минимална помош, која ја замени досегашната класична социјална помош и е значајно повисока од неа, мора и двајцата возрасни членови на семејството да се активни баратели на работа. Тоа го натера граѓаните активно да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, што значи дека секој месец мора да одат на шалтерите и да се пријавуваат како невработени.  

Новиот Закон за социјална заштита кој влезе во сила на крајот на мај 2019 година предвидува низа поволности за корисниците на гарантиран минимален приход, пред се преку зајакнување на нивната активација на пазарот на трудот. Притоа, се утврдува дека сите работоспособни членови на домаќинството треба да се вклучат во активни програмите за вработување, заради нивно оспособување за работа и вработување. Ова подразбира задолжително континуирано присуство на обуки, како и прифаќање на понуда за вработување“, велат од Агенцијата за вработување.

Во исто време, додаваат, на корисниците им се обезбедува поддршка за довршување на нивното образование и стекнување на вештини, со што ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот.

„Од таа причина, лицата кои се носители на правото на гарантиран минимален приход, како и сите работноспособни членови на нивното домаќинство, потребно е редовно месечно да се пријавуваат во Агенцијата за вработување на Република Северна Мaкедонија, како невработени лица –активни баратели на работа. Пред донесувањето на овој Закон, обврска за евидентирање како невработено лице имаше само носителот на правото на гарантиран минимален приход, а не и сите членови на домаќинството“, објаснуваат од Агенцијата за вработување.

Исто така, на почестокот на годинава Агенцијата почна со активните програми и мерки за вработување, каде услов за учество во некоја од програмите за вработување е невработеното лице да се пријавува како активен барател на работа.

Од друга страна, пак, потенцираат од Агенцијата, спроведувањето на овие активни програми и мерки за вработување, придонесува за намалување на бројот на евидентирани невработени лица.

Пред неколку месеци, пред да стартува новиот закон, на прес конференција, од Агенцијата за вработување објавија дури 70 отсто од пријавените невработени, кога ќе добијат покана од Агенцијата за вработување, воопшто не ни доаѓаат на интервју кај работодавачите, а и оние малку што ќе отидат, ја одбиваат работата, при што како главна причина, се наведува ниската плата.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите