Добивај вести на Viber
Доколку Србија инсистира да и припадне дел од приватното наследството на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, свој дел ќе бара и Босна, ова денеска за медиумите го изјави помошник на министерот за финансии на Босна и Херцеговина, Зенит Келиќ.
Келиќ за сараевскиот „Дневни аваз“ изјави дека Босна како и другите републики на СФРЈ, имаат право на тоа според договорот за сукцесија на поранешната СФРЈ.
Тој така ја искоментира најавата на кабинетот на претседателот на Србија, Томислав Николиќ дека ќе биде достапен пристап до приватниот имот на Тито, кој некогашното Претседателство на СФРЈ по неговата смрт, го зачувало во трезорот на Народната банка во Белград.
Келиќ исто така изјави дека е неприфатливо тврдењето на правниот советник на претседателот на Србија, Оливера Антиќ дека кабинетот на претседателот на Србија е правен наследник на Претседателството на СФРЈ.
Во трезорот на Нардоната банка на Србија се чуваат 11 вреќи кои не се отворени 33 години, по смртта на Тито.