25 Април, 2024
0.0452

КОЈ ПРОТИВ КОГО ВО ИЗБОРНИОТ РИНГ, А КОЈ „ИЗВИСИ“ - СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ги извадија партиските адути

Објавено во: Македонија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Кој ќе трча против кого на парламентарните избори што ќе се одржат на 12 април, веќе не е тајна.

Двата клучни политички ривали, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ги скроија пратеничките листи, со кои ќе си ги одмерат силите на претстојното жестоко изборно соочување. 

Завчера социјалдемократите, а вчера и најголемата опозициска партија, ги претставија пред јавноста пратеничките листи со кои ќе се обидат да ја освојуваат довербата од гласачите. 

Еве кој против кого ќе влезе во мини изборните рингови на шесте изборни единици. 

Многу силни имиња ќе се соочат во “единицата“. Истакнатиот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе и се спротивстави на угледната професорка на Правниот факултет во Скопје и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска. 

Силни играчи од двете партии ќе се борат и преку второто добитно место на пратеничките листи во првата изборна единица. Сегашната вицепремиерка за економски прашања, но многу попозната како поранешна министерка за труд и социјала и своевидна левичарска ѕвезда во СДСМ, Мила Царовска од спротивната страна на втората позиција ќе го има Тимчо Муцунски, колега на Сиљановска од Правен, и според многумина одмерен и коректен вмровски кадар, за кого секако се смета дека е политичар во подем.

Во “двојката“ од редовите на СДСМ на првите две истурени позиции ќе настапат исто така силни имиња и долгогодишни партиски членови. Оливер Спасовски, сегашен технички премиер и човек од најголема доверба на лидерот на СДСМ, а ќе биде засилен со Сања Лукаревска, бескомпромисната директорка на УЈП, која влезе во битка со даночните затајувачи, но и успешно ја тера мерката МојДДВ. Против нив на теренот ќе излезат Владо Мисајловски, некогашен министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен посветен партиски кадар, придружуван од една дама за која некои очекуваа дека ќе биде предводник на листата, Рашела Мизрахи, која симпатиите на патриотското гласачко тело ги придоби откако држеше прес-конференција пред табла со Република Македонија, поради што потоа и беше разрешена.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, човекот за кого важи дека е неприкосновен “теренец“ и еден од највредните играчи во владејачката партија, ќе го носи како прв социјалдемократскиот дрес во “тројката“. Во источниот регион како втора ќе му се придружи Јагода Шахпаска, пратеничка и докторка која во парламентот жестоко и уверливо ги бранеше партиските ставови, особено во делот на здравствениот сектор.  

Во рингот со нив влегуваат генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, истурен организациски партиски кадар, лојален и близок до лидерот Христијан Мицкоски. Нему на втората позиција во третата изборна единица ќе му се придружи Иван Јорданов, магистер по економски науки и претседтел на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип . 

Онака како што и се очекуваше, во “четворката“ политичките мускули ќе ги одмерат лидерот на СДСМ и дефинитивно претендент за премиерскта позиција, Зоран Заев од една, со Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и една од најистурените “пејраници“ на партијата од друга страна, човек кој се наметна како битен фактор во постгруевистичката ера на ВМРО-ДПМНЕ.. 

Во таа изборна единица вторите места се резервирани за пратеничката Соња Мираковска од НСДП, која ќе и се спротивстави на долгогодишната колешка од парламентарните клупи, Ане Лашкоска од Прилеп. 

Министерката за одбрана и долгогодишен висок функционер во партијата, едно од најпрепознатливите социјалдемократски имиња, Радмила Шекеринска ќе ја предвди листата во Изборната единица број 5, а веднаш зад неа е Јован Митревски од Струга, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. 

Против нив силите ќе ги одмерат оперскиот пејач и судски ослободениот за настаните од 27 април Игор Дурловски, во кој Мицкоски има голема доверба. Веднаш зад него на второ место ќе се најде пратеникот Антонио Милошоски, кому изгледа дека “бомбите“ кои за него беа објавени токму за време на кроењето на листите, не успеаја да му ја загрозат добитничката позиција. 

Во “шестката“, СДСМ го отстапи првото место на новиот предизборен коалиционен партнер, БЕСА, а предводник ќе биде Билал Касами кој во 2016 година беше посочен како еден од фигурите што можат да го загрозат приматот на ДУИ во албанскиот кампус. Во тандемот маж-жена заедно со него ќе настапи Фаница Николовска, директорка на Државниот Управен инспекторат, која е релативно непозната за политичката јавност. 

Наспроти нив вмровските бои во таа изборна единица ќе ги бранат Дафина Стојановска, пратеничка од партијата која особено во последниов период игра значајна улога во бранење на партиските ставови преку пресови во Собранието, но и преку учество во телевизиските дебатни емисии. Неа ќе ја следи Александар Велјановски од Тетово, правник со правосуден испит и магистер на Правниот факултет на Универзиттот на ЈИЕ во Тетово, досега не премногу експониран.  

Кого нема на листите, а се очекуваше да се најде во добитните комбинации.

На списоците на СДСМ недостига името на министерот за здравство, Венко Филипче, чија професионална аура дефинитивно блесна во начинот на кој тој како прв човек на здравствениот сектор се справува со опасниот коронавирус, а за што добива пофални зборови од целата јавност, па дури и од оние што се познати како дежурни критичари. 

Уште двајца министри недостигаат, министерката за правда Рената Дескоска, за која на стартот се зборуваше како за сигурен кандидат, но како оправдување за неа може да биде фактот што таа ќе биде претставник на Македонија во Венецијанската комисија. На листите го нема и министерот за транспорт Горан Сугарески, кој, пак, го изостана на партиските списоци и за претходните избори, но потоа сепак доби министерска функција.

А според некои кругови, пак, не е изненадувачки што на предложениот список ги нема и Александар Кирацовски, Фросина Ременски, Мира Стојчевска, Хари Локвенец, Бетиане Китев..

Затоа, пак, чудење предизвика што на социјалдемократските листи се најдоа Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ, кои кога го почнаа пратеничкиот мандат, играа во спротивниот, односно во вмровскиот тим.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остана на зборот и не се најде на пратеничките листи. Или, тој, како што и вети, ќе биде “шпицен“ кандидат, односно ќе оди практично на се или ништо, или ќе биде премиер, или ако во тоа не успее, не мора да седи ниту во пратеничко столче. 

На страната на ВМРО-ДПМНЕ, едно од големите изненадувања е што во нивниот дрес сега се облече Сафет Бишевац, поранешен новинар и пратеник од редовите на СДСМ, кој важеше за силен противник на вмровската идеологија.

А на листите ги нема и пратеникот од Велес, Илија Димовски, кој несомнено беше силна вмровска фигура долги години, но и неговиот „вечен“ колега од Законодавниот дом, Влатко Ѓорчев, како и некогашниот собраниски спикер кому му се суди за настаните од 27 април, Трајко Вељаноски. Недостасуваат и пратеникот Драган Данев, но и Емил Димитриев, кој беше технички премиер на ВМРО-ДПМНЕ во претходната техничка Влада. 

А не е изненадување што на листите на ВМРО-ДПМНЕ не се најде градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, или, пак, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, кои важат за противници во партијата на лидерот Мицкоски.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг