26 Август, 2019
0.0162

Кој прави милиони евра промет од ајвар и туршија?

Објавено во: Економија 23 Мај, 2019

Двете фирми на Заеви „Мамас Фоод“ и ќерката „Тргопродукт“ лани направиле приходи од речиси 15 милиони евра. Нивните конкуренти од Гевгелија: ДИЕМ и „Випро“ лани од продажба инкасирале 10,5 милиони евра. Сите четири компании, познати бренд производители на ајвари, конзервиран зеленчук и овошје лани имаат добивки од работењето

Четири големи македонски капацитети за преработка и конзервирање зеленчуци и овошје лани направиле приходи од 25 милиони евра. Резултат за почит, кој покажува дека има бизнис во производството и конзервирањето на зеленчуци и овошје. Сите четири компании се со седишта во југоисточна Македонија и по две во Струмица и околијата и другите две во Гевгелија.


Најголеми приходи од продажба лани има „Тргопродукт“ од струмичко Дабиле и тие изнесуваат 10 милиони евра и во однос на 2017 година бележат минимален раст од 3 отсто. Добивката на оваа компанија е 1,25 милиони евра и лани е за 27 отсто пониска од профитот остварен во 2017 година.

Нејзината фирма мајка е „Мамас Фоод“ од Струмица која во домашната јавност е позната по две работи. Првата е дека произведува фантастичен деликатес – традиционален ајвар и втората дека е дел од бизнис групацијата на поширокото семејство на Зоран Заев, претседателот на Владата и претседател на СДСМ. Оваа компанија лани има 4,76 милиони евра приходи и тие пораснале за речиси 13 отсто во однос на претходната година. Профитот на компанијата лани е за 10 пати поголем од претходната година и изнесува 382.000 евра.


Поуспешна од гевгелиските фирми лани била ДИЕМ и нејзините приходи достигнале 6,5 милиони евра што е за 17 отсто повеќе од претходната година. Добивката на оваа компанија достигна безмалку еден милион евра (односно 928.000 евра) и е повисока за 6 отсто во однос на претходната година.


Другиот гевгелиски бренд од конервната индсутрија е „Випро“ и неговите приходи лани се 4,14 милиони евра. Добивката е на ниво од 269.000 евра. Оваа компанија бележи статус кво во однос на претходната 2017 година. 

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Министерот за транспорт и врски ги повика градоначалниците да се подготват за секундарна гасификација

Министерот за транспорт и врски ги повика градоначалниците да се подготват за секундарна гасификација

Граѓаните скенираат фискални, но како ќе знаат колку пари треба да добијат назад?

Граѓаните скенираат фискални, но како ќе знаат колку пари треба да добијат назад?

Кој ќе седне во министерската фотелја за странски инвестиции?

Кој ќе седне во министерската фотелја за странски инвестиции?

ЕУ подготвува економски напад на САД: Ќе настрадаат гиганти како Фејсбук и Гугл

ЕУ подготвува економски напад на САД: Ќе настрадаат гиганти како Фејсбук и Гугл

За колку ќе пораснат пензиите

За колку ќе пораснат пензиите

ПРЕДЛОЖЕНА ЗА НАСЛЕДНИЧКА НА ТЕВДОВСКИ: Нина Ангелковска ќе управува со парите на граѓаните

ПРЕДЛОЖЕНА ЗА НАСЛЕДНИЧКА НА ТЕВДОВСКИ: Нина Ангелковска ќе управува со парите на граѓаните

Колку пари има во посредувањето за работа на брод?

Колку пари има во посредувањето за работа на брод?

Тркалезна маса на тема: „ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС“

Тркалезна маса на тема: „ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС“

Промени во органите на управување и раководење на Силк Роуд банка

Промени во органите на управување и раководење на Силк Роуд банка