12 Септември, 2024
0.0257

Кој охридски хотелиер во претсезона направи приход вреден еден милион евра?

Објавено во: Економија 13 Август, 2024

Добивај вести на Viber

„Хотели Метропол“ годинава ги зголеми за 25 отсто трошоците за своите вработени што е и логичен и очекуван потег со оглед на побарувачката за угостителски работници на јадранската ривиера. Во такви услови приходите на хотелите се зголемени за 15 отсто, трошоците пораснале само 6 отсто, а загубата во предсезона иако постои е за речиси 30 отсто помала од лани

Најголемиот охридски хотелиер „Хотели Метропол“ во првата половина од годинава, всушност во кварталот што го нарекуваат предсезона, успеа да направи подобар резултат од претходната година. За првите шест месеци охридските хотели „Белви“, „Метропол“ и „Турист“ остварија приход безмалку еден милион евра. Во споредба со истиот период претходната година овие хотели имаат приход што е повисок за 15 отсто односно 134.000 евра повеќе од лани.

И покрај подобрувањето на резултатот во претсезона оваа туристичка компанија годинава во првите шест месеци прикажа загуба од оперативното работење, но таа е значајно пониска од загубата во претсезоната лани. За првите шест месеци „Хотели Метропол“ имаат загуба од 194.000 евра односно 25 отсто помалку од истиот период лани.

Оперативните трошоци на компанијата за шест месеци изнесуваат 1,17 милиони евра, што е за 6 отсто повеќе од претходната година. Најголема трошковна ставка во структурата на расходи се трошоците за вработените. За нив компанијата плати 583.000 евра односно 25 отсто повеќе од истиот период лани. Очигледно дека „Хотели Метрополи“ ставиле приоритет на својата кадровска политика и посветиле внимание да ги задржат своите вработени и подобро да ги мотивираат. Особено сега кога е голем предизвикот и побарувачката за квалитетен угостителски кадар на хрватското и црногорското крајбрежје.

 Веројанто за анулирање на таа опасност менаџерите и сопствениците на овие охридски хотели биле подарежливи кон своите вработени.
Втора најголема расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали за кои компанијата издвоила 300.000 евра за шест месеци.

„Хотели Метропол“ полугодието го завршил со загуба од 175.000 евра откако ја ублажил оперативната загуба со позитивната разлика меѓу финансиските приходи и финансиските расходи.

Вредно за истакнување, од аспект на инвеститорските интереси за таа акција, дека оваа компанија во првите шест месеци годинава ја удвои својата изложеност односно обврски. На крајот на јуни годинава тие изнесуваат 1,2 милиони евра, а на крај на јуни лани биле 585.000 евра.

Охридските хотели од компанијата „Хотели Метропол“ се најголема хотелска компанија на ривиерата затоа што располагаа со над 770 кревети. Доминантен сопственик на оваа компанија е скопската шпедиција „Фершпед“.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПРОГНОЗА: Eврото ќе се намали за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година?

ПРОГНОЗА: Eврото ќе се намали за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година?

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Преговараат со земја членка на ЕУ

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Преговараат со земја членка на ЕУ

Божиновска на средба со УСАИД во Вашингтон: Инвестициите во енергетски проекти клучни кон зелената транзиција

Божиновска на средба со УСАИД во Вашингтон: Инвестициите во енергетски проекти клучни кон зелената транзиција

Мицкоски: За администрирање на унгарскиот заем ќе платиме само 70.000 евра

Мицкоски: За администрирање на унгарскиот заем ќе платиме само 70.000 евра

ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за Законот од сите пратенички групи

ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за Законот од сите пратенички групи

„ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија

„ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија

КРЕДИТ ОД УНГАРИЈА: До кога ќе го отплаќаме?

КРЕДИТ ОД УНГАРИЈА: До кога ќе го отплаќаме?

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За еден час ќе заработуваат минимум 15 евра

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За еден час ќе заработуваат минимум 15 евра

ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ: Што се случи со цената на златото?

ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ: Што се случи со цената на златото?