18 Април, 2024
0.0266

Кој не ги сака измените на Изборниот законик - ДУИ поднеле 5.000 амандмани

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеничката група на ДУИ поднела речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик. Ова од причина што од партијата сметаат дека, како што велат, процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси, е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава

Пратеникот Артан Груби изјави дека тие правила на игра мора да се донесат консензуално, во согласност со сите политички партии. На новинарско прашање дали ДУИ е за менување на изборниот модел, Груби рече дека партијата е за разговори. Информираше дека за утре министерката за правда Рената Дескоска има свикано состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии, претставници на цивилното општество и други институции, на кои ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик. Овие решенија, како што рече, би требало да бидат консензуално срочени во Предлог-закон и усвоени од сите затоа што тие правила на игра се однесуваат на сите. Според него, не би требало да се прават опасни преседани со партиски калкулации само за следните избори од која било страна, затоа што со тоа се отвора Пандорината кутија и нема да се знаат последиците. 

Претходно, претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски информираше дека за измени на Изборниот законик досега се поднесени 6.000 амандмани. 


Можеби ќе ве интересира

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ