25 Април, 2024
0.0605

Кој му удри шамар на министерот Тевдовски за најавената даночна реформа?

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

„Стопанска банка Скопје“ за прв пат во историјата на корпоративна Македонија ќе исплати авансна дивиденда од 20,7 милиони евра. Тоа е дивиденда од добивката за пола година. Секоја обична акција на својот сопственик на 27 декември ќе му донесе дивиденда од 65,7 денари. Дали е ова одговор на големиот бизнис на најавеното зголемено оданочување на дивидендите???

„Стопанска банка Скопје“ една до двете најголеми деловни банки во земјава прави историски исчекор во 25 годишната корпоративна историја на Република Македонија. На информациската платформа на Македонската берза се објавени предлог одлуки за претстојно вонредно акционерско собрание на „Стопанска банка Скопје“ на кое банкатаавансно ќе распредели 20,7 милиони евра дивиденда на своите акционери – иматели на сопствени акции. Тие пари се обезбедени од тековната добивка за првите шест месеци годинава.  Акционерите ќе гласаат и за точка со која 7,03 милиони евра од тековната добивка за првата половина ќе ги вложи во основачкиот капитал и во иднина тие нема да може да се распределуваат во дивиденда.

Многу е интересно тоа што овие предлог-одлуки и вонредното акционерско собрание следуваат веднаш откако Драган Тевдовски, министерот за финансии, најави дека Владата ќе воведе прогресивно оданочување по различни основи и дека со новините се опфатени и дивидендите при што данокот на нив ќе се зголеми од 10 отсто на 15 отсто. Во случајов ако биде така најголемиот акционер во „Стопанска банка Скопје“ идната година, кога би требало да стапат во сила измените со прогресивното оданочување ќе треба да плати 50 отсто повеќе данок на добивката од „Стопанска банка“. Веројатно воден од сопствениот интерес најголемиот акционер, грчката банкарска групација НБГ одлучи да одржи акционерско собрание на 12 декември на кое една од точките на дневниот ред е да подели 20,7милиони евра дивиденда на сите акционери при што НБГ ќе земе 95 отсто од тие средства и на нив ќе плати данок по актуелната даночна стапка од 10 отсто. Ако чека и акционерското собрание го направи во новата година тогаш давачките кон државата ќе му се зголемат за половина од тоа што сега ќе го плати.Изразено во милиони евра, ако сега данокот ја чини НБГ 2 милиони евра, од идната година по уведување на даночните реформи за тоа ќе треба да плати уште еден милион евра повеќе.

Со предлог одлуката за авансна исплата на дивиденда „Стопанска банка“ ќе подели по 73 денари бруто дивиденда од добивката што ја остварила  во првите шест месеци годинава. Уште 7,03 милиони евра добивка за првото полугодие банката ќе ги внесе во вредноста на основачкиот капитал. И тоа е повеќе од 90 отсто од добивката за половина година. Освен оваа докапитализација на дневен ред на претстојното собрание банката ќе префрли 7,9 милиони евра акумулирани добивки во акумулирана добивка која не е расположлива за исплата во дивиденда. Тоа значи дека и тие пари нема да ги фати новата даночна реформа на Тевдовски.

Министре Тевдовски го слушате ли гласот на големиот бизнис во Република Македонија?


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди