25 Април, 2024
0.0276

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

Објавено во: Економија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Иван Туџаров, првиот човек на Реплек е продавачот на 300 акции во друштвото. Тој ги продаде во две блок трансакции на берза, една во средата, другата во вторникот. Со продажбата впрочем оттуѓи 1,16 порценти од вкупните акции на Реплек, а за нив купувачот му платил над 27 милиони денари односно речиси 440.000 евра.

Станува збор за 300 акции кои Туџаров ги продава по турбулентните случувања во друштвото и акционерското собрание на кое тој остана на челната позиција во фармацевтската компанија. Денеска за промената извести и на берза

Иван Туџаров, Претстедател на Управниот Одбор на Реплек АД Скопје, изврши продажба на 300 обични акции со блок трансакции, издадени од Реплек АД Скопје, и по промената вкупниот број на акции кои ги поседува во Реплек АД Скопје изнесува 2.603 обични акции. 

Инаку во првата блок трансакција продаде 200 акции или 0,77 отсто од друштвото по 90.133 денари за акција, а во втората 100 акции кои се 0,39 проценти од акциите на Реплек - една акција во блокот беше 90.000 денари. 

Пред промените, долгогодишниот директор Иван Туџаров поседуваше 11,2 отсто обични акции во Реплек. Друштво за трговија и услуги Ситко Антонио Доел имаше 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд 6,4 проценти. Владимир Пецовски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецовски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.

Како што пишувавме, Реплек беше турбулентно друштво во претходниот период по одржувањето на првата седница на акционерското собрание на 8 април годинава. Извесни несогласувања меѓу акционерите резултираа и со раст на цената на акциите за двоцифрен процент, но по одржувањето на продолжението на акционерското собрание и изгласувањето на довербата на Иван Туџаров на раководната позиција, побарувачката за акциите немаше таков интензитет. Практично од 19 април немаше тргување со акциите на Реплек на пазарот. Тоа може да се толкува и како обид пред седницата некои акционерии да купувале за да имаат влијание во гласањето. Сега останува нејасно зошто и покрај битката Туџаров ги продава акциите.

А.Т. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди