23 Април, 2024
0.0256

Кој македонски производител на зејтин продава 50.000 акции? Цената е багателна!

Објавено во: Економија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Во моменти кога малопродажната цена на шише зејтин урива рекорди велешкиот производител  на масло за јадење „Кристал“ најавува дека на јавна понуда ќе продава 12,2 отсто од сите акции со право на глас и тоа по пазарна цена од 149 денари, која е за шест пати пониска од книговодствената вредност на акцијата н.з.

Велешката прехранбена индустрија „Кристал“ (поранешен „Благој Ѓорев“ (н.з.) ќе понуди на јавна продажба 50.000 сопствени акции по единствена цена од 149 денари за акција, пишува во предлог одлуката за која ќе гласат акционерите на 14 мај годинава. Јавната понуда ќе биде организирана најдоцна 30 дена по добивање на одобрување од Комиисијата за хартии од вредност.

Во образложението на одлука пишува дека акциите компанијата ќе ги продава на јавна понуда по единствена цена од 149 денари. Принципот на продажба е прв дојден прв запишан, а продажбата ќе се реализира преку берза и преку овластените застапници т.е. брокерските друштва.

Во образложението на „Кристал“ пишува дека се одлучиле на продажба, на половината од сите сопствени акции што ги поседува друштвото, со цел одржување на стабилноста и ликвидноста на друштвото како за усогласување со законската регулатива. Моментно „Кристал“ во сопствен откуп чува 24,86 отсто од акциите со право на глас ( споре податоците од Проспектот „Кристал“ има со сопствен откуп 101.600 акции со право на глас).

Значајно за истакнување е тоа што за да биде успешна јавната продажба на акциите треба да бидат откупени 60 отсто од понудените, запишани и платени акции. Доколку не се продадат најмалку 60 отсто од понудените 50.000 акции понудата ќе биде неуспешна што значи дека парите на уплатувачите ќе им се вратат, а овие 50.000 акции компанијата ќе ги поништи и сразмерно ќе го намали бројот на издадени акции со право на глас. Во тој случај ќе се зголемат акционерските стекови на актуелните акционери (вкупно 13 правни лица и 27 физички домашни лица).

Сега според официјалните податоци најголеми акционери се Горанчо Лазов, кој истовремено е и извршен директор, лично поседува 16,4 отсто и преку неговата фирма „Агро – Ели“ поседува уште 11,8 отсто од акциите. Втор по големина акционер е велешката фирма „Скамбио“ на Ивица Чакаров која поседува 9,3 отсто од акциите пред велешкото трговско друштво „Малина“ кои е има 9,05 отсто од акциите со право на глас. Крупен акционер е и скопската трговска компанија „Бане Комерц Трејд“ со 8,3 отсто од акциите.

Лани „Кристал“ остварил приходи во вредност од 11 милиони евра што е за 10 отсто подобар резултат од 2019 година. Оперативната добивка надмина 450.000 евра и е удвоена во споредба со профитот во 2019 година.

“Кристал“ е најстарата домашна компанија која 98 години произведува масло за јаддење (т.е. зејтин) и воедно е еден од трите најголеми домашни производители на овој основен прехранбен продукт. Оваа компанија има капацитет за производство и пакување на над 100 тони масло за јадење дневно, а е единствен производител што има заокружен процес на производство што почнува од сончогледово семе и завршува со масло за јадење.

Најголеми домашни ривали на „Кристал“ – производители на масло за јадење се штипскиот погон „Брилијант“ на „Витаминка“ и струмичката компанија „Ал-Макс“ која произведува зејтин под брендот „Бисер.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички