24 Април, 2024
0.0310

Кој колку заработи од дивиденди?

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија испиша уште една страница во својата корпоративна историја. Позитивните корпоративни практики ја јакната довербата на акционерите. Се повеќе инвеститори се решаваат своите пари да ги вложуваат во акции наместо во депозити. И уште еднаш дивидендите ги победија каматите. Видете колку заработиле од својот труд и вложувања најдобрите домашни корпоративни инвеститори

Корпоративна Македонија по петнаесетина години веќе профилира лица- акционери (од кои дел се и менаџери н.з.) кои се пример за добро и успешно работење и кои со години наназад во пракса ја прават успешна корпоративната приказна. Новосоздадените вредности на корпоративното управување го осознаваат и многу мали акционери кои често се и вработени во тие компании кои кон крај на пролет или во тек на лето неколку години наназад ја добиваат заслужената награда на своите вложувања во форма на дивиденда.

Ова е листа на менаџери и акционери кои ја испишуваат македонската корпоративна историја:

Живко Мукаетов етаблиран како најуспешен менаџер на фармацевтска, а веројатно и на производствена компанија во земјава. Човекот кој со својот тим години наназад успешно управува и го развива „Алкалоид“ веројатно е најголемиот пример за придобивките од добро корпоративно управување. Особено заради тоа што секоја година без исклучок купува акции во компанијата со која раководи и тоа го прави на берза по пазарни цени. Исто како и сите членови на неговиот раководен тим. Брокерите имаат консензус: акцијата на „Алкалоид“ е цврста како држава обврзница, а дава поголем принос. Оваа компанија за своите акционери, од ланското работење, годинава подели дивиденда во нето износ што надминува 7 милиони евра. Мукаетов за своите акции во „Алкалоид“ доби 647.000 евра.

Доне Таневски, најголем поединечен акционер и прв човек на најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“ годинава од дивиденда на своите акции инкасира 294.000 евра. Тој во „Македонијатурист“ поседува 19,2 отсто од акциите со право на глас.

Сестрата и братот Туџарови, Славица и Иван се најголеми домашни физички лица – акционери во „Реплек“. Тие успешно управуваат во оваа компанија синоним  за трговија со фармацевтски производи и медицинска опрема. Акциите  ги наследија од нивниот татко Душан кој долги години успешно го водеше „Реплек“. Славица Туџарова Трајковска од нејзините акции инкасира дивиденда во износ од 183.000 евра. Братот Иван кој оперативно е прв човек на компанијата за своите акции добил дивиденда во износ од 177.000 евра.

Соња Бибановска, вториот по големина акционер во „Македонијатурист“ од дивиденда на своите 11,3 отсто акции во таа компанија инкасира 169.000 евра.

Андреја Јосифовски долги години е прв човек на најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“. Јосифовски е акционер во транспортната компанија ОИЛКО чиј најголем клиент, а воедно и сопственик е „Макпетрол“. Од своите 15 отсто од акциите во ОИЛКО Јосифовски годинава добива дивиденда од 143.000 евра.

Од нафтениот бизнис на оваа листа има уште еден претставник. За пошироката инвеститорска јавност неговиот влез во рафинеријата ОКТА преку купувањето на 10 отсто од акциите беше изненадување. Исмаил Јахоски во јавност познат како сопственик на фирмата Пуцко Петрол годинава преку неговата компанија од работењето на ОКТА доби дивиденда од 196.000 евра.

Ивана Милковска Симева , ќерка и наследник на акции од долгогодишниот прв човек на „Гранит“ Страшо Милковски од ланската добивка ќе инкасира нето дивиденда во висина од 104.800 евра за своите 8,4 отсто од акциите во најголемата македонска градежна компанија. Нејзниот брат Зоран Милковски, оперативно прв човек на оваа компанија од своите 8,2 отсто акции ќе добие нето дивиденден износ од 104.800 евра.

Доминантниот сопственик на светиниколската фабрика за битуменски производи, Стојанче Стојанов за своите 53 отсто до акциите доби дивиденда во износ од 97.000 евра.

Третиот по големина акционер во „Македонијатурист“ е познатиот композитор Григор Копров. За неговите 20.708 акции во хотелиерската компанија годинава доби дивиденда од 69.000 евра.

Најголемиот поединечен акционер во скопската компанија „Раде Кончар Апартна техника“ е Аце Антевски. Од неговиот 10,5 отсто акции има дивиденда во износ од 35.000 евра.

Најголемиот акционер во „Тетекс“ и негов долгогодишен прв човек е Глигорие Гоговски, познат стопанственик и претседате на последната Влада на Социјалистичка Република Македонија. За неговите 12,8 отсто „Тетекс“ му исплати 28.400 евра дивиденда.

На оваа листа се уште две лица кои се сопственици на друштва кои се акционери во две друштва кои делат дивиденда. Еден од нив е кичевецот Селаудин Арифи сопственик на компанијата „АС Сењак“ која поседува 18 отсто од акциите на скопската кондиторска индустрија „Европа“. Од нив доби 40.000 евра дивиденда.

Другата компанија е „Мал Метропол“ од Битола која поседува 40 отсто од акциите во битолското друштво „Фустеларко Борец“. Оваа компанија сопственост на Татјана Петковска за своите акции во „Фустеларко“ доби 38.000 евра дивиденда. 

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска