29 Март, 2024
0.0270

Кој ќе земе 13 милиони евра да ја контролира градбата на автопатот Кичево – Охрид?

Објавено во: Економија 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Со најновиот договот за дополнителни услуги надзорот за изградбата на најскапиот македонски  автопат ќе чини повеќе од 13 милиони евра. По првичниот договор на вредност од 10 милиони евра, сега со непосредна спогодба Јавното претпријатие за државни патишта работата повторно ја даде на носителот на набавка Градежен институт Македонија за 3 милиони евра

Градежен институт „Македонија“ (ГИМ)  е носител на набавката во која ќе добие 3 милиони евра од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за дополнителни услуги за надзор врз изградбата на автопатот Кичево – Охрид. ЈПДП и ГИМ склучија договор во постапка со преговарање без да биде објавен оглас. Со оваа набавка што ја доби ГИМ вкупната вредност на бизнисот што го имаат за надзор врз изградбата на автопатот надмина 13,1 милиони евра.

Деталите за тоа зошто ЈПДП одел на избор со преговарање без објава на тендер се достапни на следниот линк.

Според официјалните достапни објавени податоци (кои можат да се најдат на агрегаторот time.mk) се гледа дека ГИМ е носител на набавката и настапува заедно со две друштва со ограничена одговорност и тоа: Евро консалтинг ДОО Скопје и ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл ДОО Скопје.

Всушност наједноставно речено новата набавка остварена со постапка за преговарање значи анекс на договорот што ГИМ го има со ЈПДП и се однесува на надзор врз изградбата на новиот автопат.  Договорот меѓу ЈПДП и ГИМ и партнерите ќе важи од 15 ноември до 30 јуни 2023 година. Со новите детали од договорот е уредено дека надзорот е ангажиран  во фазата пред изградба (3 месеци), фазата на изградба до 30 јуни 2021 година и фазата по изградба во кои е офатен гарантен период од 24 месеци заклучно со 30 јуни 2024 година.

Кој е ГИМ?

ГИМ е акционерско друштво кое лани имало приходи од продажба во износ од 7,95 милиони евра. Нето добивката на крајот на минатата година му е 1 милион евра. Основни дејности на ГИМ се техничките испитувања и анализи и архитектонски и инженерски активности и соодветни технички услуги. ГИМ е средно голема македонска компанија која лани вработувала 263 лица. ГИМ има два доминантни акционери од кои првиот е „Сервис Петрол ДОО“ Скопје со 43,78 отсто од акциите со право на глас и „АУТО АС ДОО“ Скопје со 39,3 отсто сопственост врз акциите. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!