28 Март, 2024
0.0270

Кој ќе слави победа на 12 април

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Партиите се согласија дека напролет ќе има предвремено изборно соочување. Партиските машинерии кои ќе работат на придобивање на гласачите веќе се впрегнати, се очекува во наредниот период само да го засилат темпото. 

Пред нас ќе биде долг период исполнет со жестоки партиски меѓусебни обвинувања, кампањи, митинзи... Реформите најверојатно нема да бидат приоритет, но затоа нема да недостигаат мерки привлечни за широкото граѓанство, за воља на вистината, ветени и пред да биде извесно дека изборите напролет ќе бидат реалност. 

Сите веќе знаеме дека ваквиот развој на настаните, сакајќи или не, ни го приреди францускиот претседател Емануел Макрон, кој во Брисел ги затвори вратите за земјава за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Но, ситуацијата е таква каква што е, пред земјава е мачен предизборен период.

Политичките обложувалници веќе се наголемо активни. Сите типуваат кој ќе слави на 12 април - сегашната владејачка гарнитура, или, пак, опозицијата? Кој ќе успее да ја формира новата македонска влада?

На прашањето што вчера новинарите го нупатија до премиерот Зоран Заев за тоа каков е рејтингот на партијата, врз основа на внатрешните анкети, тој одговори дека СДСМ води со три процентни поени. 

СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ води. Водиме со три процентни поени, тоа го објавивме јавно и транспарентно преку кредибилни агенции кои што го направија тоа. Секако крајот на октомври почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета, за да измериме како после одлуката како стоиме, но сите овие политички партии позади нас носат гласови, имаат свој кредибилитет, имаат своја програма имаат свој дел за кои што се залагаат за своите гласачи, кој што ме става мене како претседател на најголемата политичка партија во оваа коалиција во фаворитска состојба заедно со партнерите, на крајот граѓаните одлучуваат на изборите. Јас знам дека наредниот период до крајот на октомври ќе можевме да ги реализираме сите мерки коишто ни беа предвидени во програмата“, изјави меѓу другото премиерот и лидерот на најголемата владејачка партија, Заев. 

Порталот Нетпрес, пак, објави дека разликата во рејтинзи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е околу шест отсто во корист на најголемата опозициска партија. Ова, пишува порталот, го покажала анкета на ИПИС, спроведа по нарачка на „Јуроп Електс“ (Europe Elects).

Истражувањето било спроведено од 14 до 17 септември, годинава, пред недобивањето датум за земјава. Анкетирани биле 1.209 испитаници, а од нив 42,6 отсто дале поддршка за ВМРО ДПМНЕ, додека за СДСМ 36,6 отсто, пишува порталот Нетпрес.

Сепак, пред нас е период од речиси половина година. Дотогаш ќе се направат и многу нови анкети, а партиите ќе имаат шанса да се претстават пред граѓаните. Многу прогнози укажуваат дека за да ги убедат гласачите ќе им биде потребен далеку повеќе труд од порано, бидејќи воопшто не е мал бројот на оние што планираат да апстинираат на претстојните вонредни парламентарни избори. 

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија