20 Април, 2024
0.0273

Кој ќе го наследи легендарниот Глигорие Гоговски? „Тетекс“ избира генерален директор

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Уште не е извршена промена на сопственоста врз акциите на Гоговски (12,8 отсто), но извесно е дека до собранието тие ќе бидат во посед на еден или повеќе наследници. Неофицијално, извори велат дека во игра се две опции. Првата и поизгледна е дека раководењето со „Тетекс“ ќе го превземе некој од досегашните членови на бордот на директори, другата е дека еден од двајцата новоименувани ќе биде наследникот на Гоговски

Прочуениот поранешен текстител гигант „Тетекс“ при крај на идниот месец ќе избере нов генерален директор. Воедно акционерите на „Тетекс“ ќе изберат уште еден член на одборот на директори на компанијата.

Неофицијално дознаваме дека има две опции за наследник на легендарниот економист Гоговски, човекот што „Тетекс“ го издигна во најголема текстилна компанија во поранешната заедничка држава СФР Југославија. Првата е, велат изворите, поизгледна и е во тоа да некој од актуелните членови на одборот на директори го презведе оперативното управување и раководење со компанијата. Другата опција е еден од двајцата нови членови на бордот да го превземе управувањето со компанијата. За нашиот извор тоа епомалку веројатна варијанта.

Гоговски не напушти на почетокот на мај и ќе остане запаметен како еден од најуспешните стопанственици кој тетовскиот комбинат го издигна на високо ниво и го направи реномиран производител на текстил на домашниот и на меѓународните пазари. Во транзицијата „Тетекс“ остана финансиски здрава компанија која основа и сопствена банка – сегашната ТТК Банка (која настана со фузија на две домашни банки). Во банката „Тетекс“ поседува 41,5 отсто од акциите. Воедно „Тетекс“ е сопственик и на компанија за трговија со нафтени деривати.

Според официјалната евиденција на ЦДХВ Глигорие Гоговски и понатаму е единствен квалификуван сопственик на акции и најголем поединечен акционер во „Тетекс“ кој поседува 12,8 отсто. Тоа значи дека во меѓувреме тече оставинска постапка во која овие акции ќе добијат еден или повеќе нови сопственици. Акционерите на „Тетекс“ домашни физички лица повеќе од илјада и поседуваат 93,6 отсто од акциите ќе одлучат кои се лицата што ќе бидат нови членови на одборот на директори.

„Тетекс“ има солиден имиџ и во домашната инвеститорска јавност затоа што досега важеше за компанија која редовно дели дивиденда на своите акционери. За изминативе три години компанијата додели дивиденда од 482 денари во бруто износ.

Повеќе за работата на „Тетекс“ прочитајте на следниот линк https://faktor.mk/kako-gligorie-gogovski-od-teteks-napravi-ekonomski-chudo-dobivkata-e-pogolema-od-prihodite-od-prodazba

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?