29 Март, 2024
0.0450

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ШЕФ НА ПОДРАВКА - Пленковиќ веќе разговарал со четворица кандидати

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Не е сеедно кој ќе го наследи столчето на предвремено починатиот прв човк на Подравка, Марин Пуцар, пишува Вечерњи лист во денешното печатено издание, наведувајќи четворица можни кандидати за оваа позиција, а пренесува Индекс.хр.

Со оглед на одличните деловни резултати и понатамошниот потенцијал на компанијата, и од друга страна пандемијата на коронавирус и разорните земјотреси кои ја ставаат хрватската економија на дополнителен тест, очекувањата од новото раководство се големи. 

Но, во секој случај, сигурно е дека новиот шеф ќе започне да работи на добро поставена основа, се коментарите на познавачите бизнисмени и политичари за фактот дека веќе во четврток може да се знае кој ќе го преземе кормилото на прехранбениот гигант од Копривница. 

Весникот дознава дека премиерот Андреј Пленковиќ веќе разговарал на оваа тема со лидерот на Хрватската трговска комора, Лука Буриловиќ, кој, доколку седне на чело на Подравка, ќе остане почесен претседател на Хрватската трговска комора. Кариерата на Буриловиќ беше обележана со неговата работа како претседател на Управниот одбор на Сладорана, денес мнозински сопственик на фабриката за шеќер Виро и помошникот министер за земјоделство Петар Шобанковиќ. 

Разговори имало и со Мартина Далиќ, поранешна министерка за економија и потпретседателка на поранешниот состав на Владата на Андреј Пленковиќ, која беше отстранета во екот на кризата во Агрокор. 

„Таа има импресивно резиме, знаење и искуство и поддршка од фондови кои се меѓу најмоќните чинители во Хрватска воопшто“, рече консултантот Драго Муњиза, додека некои сметаат дека нејзиното назначување за шеф на Подравка може да претставува политичка тежина за владата на Пленковиќ со оглед на неодамнешните локални избори. 

Најтврдиот орев во преговорите наводно бил Горан Маркулин, директорот на Кромарис, кој руши рекорди во однос на растот на приходите и продажбата на риби и во пандемијата. Давор Доко, сегашен член на управниот одбор за финансии и човек на пензиски фондови во Подравка, се споменува како четврти најверојатен кандидат. 

фото Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува