КОЈ И ОД КАДЕ ГО ДОНЕСЕ: Коронавирусот стигна во Грција
Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2020
Првиот случај на коронавирус ја зафати соседна Грција.
Властите во таа земја, денеска го потврдија позитивниот резултат на 38-годишна жена во Солун.
Како што пренесоа грчките медиуми, жената е во добра здравствена состојба а вирусот го закачила на патување во Италија неодамна.
Се наведува дека заразената Гркинка ја следи цел тим во Солун, а проверки се прават и на нејзини блиски кои доброволно ќе бидат ставени во изолација за да се следи нивната состојба.