26 Април, 2024
0.0281

КОЈ ГИ ЗЕМА БИЗНИСИТЕ: Највредните 10 државни тендери на сите времиња донесоа 655 милиони евра

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Од десетте највредни четири тендери се на ЕЛЕМ (т.е. сегашно ЕСМ) и нивната вредност надминува 250 милиони евра. Освен мега тендерите за ископ на јаглен кои ги добија Циле од Битола и Трансмет на Сеат Кочан, од популарните државни набавки на оваа листа се и: 202 кинески двокатни автобуси, 146 спортски школски сали и новоизградената национална фудбалска арена

Десетте најголеми државни тендери се распишани во период од 2009 до 2016 година, нивната вкупна вредност достигна 655 милиони евра, пари обезбедени од државниот буџет или од државни задолжувања, а по пет од договорите добиле домашни и странски компании. Ранг листата на највредните 10 тендери е достапна во базата на податоци на државното Биро за јавни набавки, а може да ја најдете и на веб агрегаторот time.mk на следниот линк https://time.mk/javni/

Најдобитна е домашна компанија „Нормак Груп“ која ја доби работата за развојната индустриско-технолошка зона „Тетово“ од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Договор е вреден 157 милиони евра и е склучен во април 2013 година. „Нормак Груп“ бил единствен понудувач според официјалните достапни јавни податоци.

Германската специјализирана компанија „Бебкок Борсиг ШтајнМилер“ во 2011 година го доби највредниот тендер на најголемата државна компанија ЕЛЕМ, сегашен ЕСМ. Договороте вреди 104,4 милиони евра и е за модернизација на котлите во РЕК Битола на принцип „клуч на рака“. Имало три понуди во постапка на преговарање со претходно објавување оглас.

„Гранит“ го добил својот најголем државен тендер во 2009 година. Станува збор за градба и опремување на 145 школски сали ширум земјава, проект што го водеше Министерството за образование. „Гранит“ бил најдобар понудувач од четири добиени понуди. Вредноста на договорот е 68,8 милиони евра, а за избор е распишана и спроведена отворена постапка за јавни набавки. „Гранит“ и втор пат е меѓу добитниците на највредни тендери. Станува збор на градба на магистралниот гасовод од Неготино до Битола, договорот е вреден 36,4 милиони евра и е склучен во 2016 година. “Гранит“ е најдобар понудувач помеѓу вкупно четири конкуренити во отворена постапка. Ова е тендер со најмала вредност меѓу десетте најголеми јавни набавки.

Неговиот конкурент „Бетон“ Скопје ја добива работата за изградба на националната фудбалска арена „Филип Втори“ која неодамна е преименувана во „Тодор Проески“. „Бетон“ во 2009 година ја доби работата од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор вредна 58,8 милиони евра за реконструкција на дотогашниот Градски стадион. Постапката била ограничена, а бројот на конкуренти 5.

Петиот и шестиот тендер по големи ги доделува поранешен ЕЛЕМ и сегашно ЕСМ. Во 2009 година тендерот за модернизација на агрегатите во РЕК Битола ги добива руската компанија „ОЈСЦ Пауер Машинс“. Вредноста на договорот е 55,9 милиони евра. Станува збор за постапка со преговарање по претходно објавување оглас на кој се добиени 10 понуди.

Следниот тендер по вредност го добива битолската фирма „Пелистер“ чиј косопственик Силјан Мицевски е актуелен како сведок во случајот „Рекет“. Ова е највредниот тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола за кој „Пелистер“ добива 53,3 милиони евра. Договорот е склучен во 2012 година и важи две години. Станува збор за постапка со преговарање по претходно објавен оглас, а биле доставени 4 понуди.

Седми на листата највредни е договорот за набавка на 202 двокатни автобуси за ЈСП Скопје, зделка за која се води и постапка пред надлежен суд. Договорот го склучи Министерството за транспорт и врски со кинеската компанија „ЗенгЗоу Јутонг Груп“ и е вреден 41,9 милиони евра. Станува збор за отворена постапка во која биле добиени 2 понуди.

Осмото место е за тендерот за изградба на браната Конско кај Гевгелија, склучен меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и турската компанија „Серка Тахут Инсат“. Договорот е вреден 39,1 милиони евра и е склучен во 2015 година. Во ограничена постапка со критериум најниска цена биле добиени 4 понуди.

Деветото место на ранг листата на највредните тендери, повторно е за ЕЛЕМ, односно сегашен ЕСМ, и е за ископ на јаглен и јаловина и дотур на дробен јаглен на транспортерот во РЕК Битола. Договорот го добила скопската компанија „Трансмет“ против која за иста активност имаше судска постапка во која е осуден на затворска казна еден од сопствениците и управител на фирмата. Во постапка со преговарање по претходно објавен оглас се јавиле два понудувачи, а „Трансмет“ ја добил работата за 38,4 милиони евра во 2013 година. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија