29 Март, 2024
0.0270

Кој ги поседува најновите модели од елитната германска тројка во државните институции?

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Според регистарот што го води Државната комисија за спречување на корупција пред локалните избори, може да се заклучи дека АД МЕПСО, операторот за пренос на електрична енергија, ги поседува најновите модели по датум на производство, од елитната германска тројка во индустријата - Мерцедес, БМВ и Ауди, меѓу целокупната државна управа која е должна да ги пријави.

Во меѓувреме откако овој регистар го воведе ДКСК може да се забележи дека МЕПСО го поседува атрактивниот Audi Q5 od 2018. МЕПСО има и две Audi A6 произведени во 2012. Audi A6 од 2014 има и Народна банка. Од поновите модели, две Audi A4 од 2009 има и Општина Карпош.

Собранието има Mercedes 600-C од 2014. МЕПСО има дури четири „мерцедеси“ кои што се од 2021, но не е наведен моделот. Во Министерството за здравство исто така не се наведува ниту моделот, ниту годината на производство на оваа марка. Така на пример Железници - Инфраструктура имаат и Мерцедес, Ауди и БМВ, но без да биде наведен датумот.  Судскиот совет има BMW 520 d од 2019. Од она што има објавено МВР, најново е BMW 730 XD од 2016.

Треба да се напомене дека во регистарот не е одбележано дали станува збор за купени возила преку јавна набавка, или пак се превземени како конфискувани. Од Антикорупциска велат дека сите државни органи, претпријатија, општини и институции се должни да го пријават возниот парк, за да нема злоупотреби пред локалните избори.

- Генерално сите ги пријавија возилата, односно до сега од наша страна се пренесени најмалку 90 отсто од возилата во регистарот, а треба да се прикажат и оние кои ги возат функционерите, велат од ДКСК.

Сепак од Владата на пример е пријавен само еден Фолксваген Поло од 2008, додека Општина Струга предводена од градоначалникот Рамиз Мерко се уште не го евидентирала фамозното Audi A6 набавено за 70.000 евра. Голем број од возилата се товарни, односно транспортни, а има и такви кои служат за одржување и како механизација.

Од годинешното производство, МЕПСО има најголем број на возила. Пријавени се дури 20 од 2021, меѓу кои има и Сузуки, Шкода, Тојота, Фолксваген Пасат и Дачија. Ново возило Пежо 301 од оваа година има институцијата Народен правобранител, а дирекцијата на АД ЕСМ од оваа година како повпечатлива аквизиција има Шкода Супер Б.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?