КОЈ ГИ ОБЈАВИ: ЈО отвори истрага за објавените аудио записи на социјалните мрежи
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2019
Јавното обвинителство отвори предмет за објавените аудио записи на социјалните мрежи, потврдил за МИА државниот обвинител Љубомир Јовески, пренесоа медиумите.
Ќе се испитува кој ги објавил снимките, идентитетот на лицата што разговараат и содржината на разговорите. Преку доказите ќе се утврди дали лицата ќе бидат повикани за исказ во Обвинителството и дали има елементи на кривично дело.
Се работи за седум кратки снимки во кои се слуша глас кој наликува на гласот на познат бизнисмен, сведокот во случајот „Рекет“. На аудио материјалите се слуша како тој бара контакт со братот на премиерот, Вице Заев.