24 Април, 2024
0.0295

Кој е во право газдите или текстилните работници

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Последните неколку денови јавноста „врие“ поради ситуцијата во еден од најслабо платените сектори во државата -текстилната индустрија.

Имено, неколку текстилни компании здружени во Текстилниот кластер бараат текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена.

Седум и пол часовното ефективно работно време со плус 30 минути платена пауза да се замени по примерот на сите европски земји во окружувањето со 8 часа ефективно работно време плус 30 минути латена пауза што значи вкупно 8 часа и 30 минути. Сегашниот начин на работно време не прави многу понеконкурентни во однос на опкружувањето, а нашиот предлог ќе отвори можност за директно покачување на платите како резултат на подолгото работно време од половина час, велат од кластерот.

Претседателката на Кластерот Маријана Перковска за Фактор вели дека на ваков начин работниците ќе извршуваат поголема норма, а дека такво работно време има и во сите други земји.

Според последните податоци во текстилната индустрија во земјава се вработени над 36.000 луѓе. 

Од друга страна истражувањето на „Фактор“ покажа дека највисоко и ретко постигнато достигнување во нашата текстилна индустрија е профитна маргина која надминува 5 отсто и ја има само една од девет рангирани компании во истражувањето на „Фактор“. 

Убедливо најголем меѓу текстилците е прилепски „Комфи Ангел“ компанија што лани имала вкупни приходи од 24,9 милиони евра, а од нив 4,4 отсто се профит. Има ли магична формула со која може да се зголемат платите на вработените, а притоа профитната маргина да остане макар и ваква „тенка“ .

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава