Koj e најевтиниот град за живот во светот?
Објавено во: Свет 02 Декември, 2022
Дамаск е најевтиниот град за живот во светот. Ова го соопштија од аналитичкиот оддел на Економист, кои традиционално ја изработуваат оваа ранг-листа.
Друштво му прават либискиот Триполи и иранскиот град Техеран. И лани состојбата била иста, односно Дамаск бил најевтин град за живот. Од друга страна, Њујорк и Сингапур се најскапи градови за живот. Лани прв беше Тел Авив кој сега падна на третото место. Посилната валута беше еден од факторите што ги искачи градовите повисоко на ранг-листата.
foto Wikipedia/Jerzy Strzelecki