20 Април, 2024
0.0279

Кој е најербап во Прилеп?

Објавено во: Економија 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Прилеп има 25 фирми кои лани направиле приход поголем од 2 милиони евра, а 8 меѓу нив, безмалку една третина, се компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Клучни генератори на прилепската економија се домашно поседуваните гиганти „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ заедно со странските компании „Гентерм“, „Мермерен комбинат“ и „Комфи-Ангел“. Прилеп и покрај бурната транзиција останува град со силна индустрија. Лани од 25 најголеми фирми дури 24 годината ја завршиле со профит

Градот херој, синонимот на антифастичкиот отпор во Македонија, родниот град на великаните Ѓорче Петров и Пере Тошев, родното место на Марко Цепенков и Димитар Талев. Градот чиј непокор, хероизам и традиција се испишува уште од легендите за Крали Марко, а снаодливоста и итроманштината преку приказните за Итар Пејо. Прилеп е градот чии синоними се тутунот, мермерот, ширданот, „Златниот даб“, „Стоби Флипс“ и „Газоза“ и шегите на „чешитите“ прилепчани чиј заштитен знак беше е и ќе остане актерот Џумерко. Прилеп е град што плени со својата уникатност, гостопримливост, родољубивост.

Најголемите прилепски компании, 25 на број, лани направиле приход што надминува 300 милиони евра, а најголемите 8 од нив имаат приход од 225 милиони евра. Најголема прилепска фирма е странската гринфилд инвестиција „Гентерм“ која лани остварила приход од 56,2 милиони евра и има добивка од 2,5 милиони евра. Оваа компанија се занимава со снабдување на големите автомобилски корпорации со електрична и електронска опрема за вградување во возилата.

Втора компанија според приходите и убедливо најуспешна според профитот лани е Мермерниот комбинат. Оваа успешна компанија лани остварила приход од 40 милиони евра и профит од 22,8 милиони евра.

Следуваат двете најуспешни домашно поседувани компании кои се гордост на Прилеп. Тоа се прехранбената индустрија „Витаминка“ и Прилепска Пиварница. Производителот на прочуениот „Стоби Флипс“ – „Витаминка“ лани оствари приходи од 37,3 милиони евра и имаше добивка од 470.000 евра. Најголемата домашно поседувана пиварница лани оствари приход од 30 милиони евра и добивка од 1,75 милиони евра.

Во големата петорка е и веројатно најголемата македонска текстилна компанија „Комфи-Ангел“ во која сопственици се четири странски и еден македонски државјанин. Оваа компанија лани остварила приход од 24,9 милиони евра и профит од 1,1 милиони евра. Следен на листата е државниот тутунски комбинат од Прилеп со приход од 14,9 милиони евра и загуба од 3,1 милиони евра. Сепак компанијата годинава работи со добивка.

Во големите се „смеша“ локална прилепска компанија за трговија на големо сопственост на Душан Качкиноски и Тони Тарунџиоски. „Футура ДОО“ е единствена од помалите прилепски домашни компании која има приход поголем од 11 милиони евра. Нејзината добивка лани изнесува 104.000 евра.

Во големата осморка (компании со годишен приход што е поголем од 10 милиони евра) е уште СЕКЕ ДООЕЛ , кооперација на тутунопроизводители од Грција, која лани имаше приход од 10,7 милиони и годината ја завршила со позитивна нула поточно со добивка од 8.700 евра.

Следна на листата е семејната фирма на Самакоски „МикроСам“ која се занимава со висока технологија и произведува специфична електрична опрема. Оваа компанија која долги години е прилепски „хај-тек“ лани остварила приход од 8,9 милиони евра и добивка од 89.000 евра.

Трговската компанија „Викторија тобако“ чија дејност е посредување во трговија со храна, тутун и пијалоци, сопственост на Марјан Тодороски, лани направила приход од 8 милиони евра и добивка од 235.000 евра.

Грчката фабрика за производство на чорапи „Аринафешн“ лани направила приход од 6,7 милиони евра и добивка од 116.000 евра.  Следна според приходи е конзервната индустрија „БИМ ФООД“, сопственост на Марко Биќанин и ДОО „Џакомини“ која остварила приход од 5,5 милиони евра и успеала да заврши со профит од 371.000 евра.

Соропромет“ компанија за трговија на мало лани имала приход од 5 милиони евра и завршила со профит од 37.000 евра. Тоа е семејна фирма на Миле и Методија Талески. Прилепската компанија за трговија на мало со горива БМ ОИЛ сопственост на Звонко Црвенкоски лани остварила приход од 4,9 милиони евра и добивка од 71.000 евра. Следна е текстилната фирма „Иннацо МАК“ со приход од 4,2 милиони евра и профит од 80.000 евра. Нејзиниот конкурент „Фешнлинк“ компанија што се занимава со доработка на текстил лани остварил приход од 3,5 милиони евра и профит од 19.000 евра. Значајна текстилна прилепска компанија специјализирана за производство на долна облека е „Тритекс трејд“. Нејзиниот промет е 2,65 милиони евра, а профитот е 265.000 евра. Веројатно ова е текстилна производна компанија со најдобра профитна маргина во земјава.

Униројал и Матадор 2002 се двете најголеми прилепски фирми за трговија со резервни делови и прибор за моторни возила и авто гуми. Првата лани остварила приход од 3,6 милиони евра и профит од 210.000 евра, а втората има приход од 3 милиони евра и профит од 51.000 евра.

На листата прилепски компании кои имаат приход од најмалку два милиони евра се уште: „Салида“, „Кривогаштани промет“, „Ламинати ком“, „Современ дом“, „Дониа“ и Крин КГ.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?