19 Април, 2024
0.0354

Кој е Кирил Божиновски? Затрупан со кривични пријави од сите страни

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Кирил Божиновски, покрај Миле Јанакиески, се најде денеска во притвор како поранешен генерален секретар на претходната Влада за случајот „Титаник“ по бегството на екс-премиерот Никола груевски во Унгарија. Минатата година Кривичниот совет ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство и не им определи притвор на поранешниот генерален секретар на владата, ниту пак на екс првата полицајка Гордана Јанкулоска, која беше обвинета за истиот предмет.

Во една од „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев можеше да се слушне како Божиновски и Јанкулоска договараат бркање од работа на политички неистомисленици. Исто така, во аудио-снимките Божиновски се заканува дека ќе пали и кафана, само ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

- Специјалното јавно обвинителство против мене има празен предмет. Причината поради која се бара притвор е дека пред 1,5 година обавував државна функција. Сега изјавувам дека немам намера да прифатам нова. Редовно ќе се јавувам на сите покани на судот и немам намера да не сум присутен“, рече тогаш тој. СЈО остана на барањето за притвор.

Социјалдемократскиот сојуз додека ги објавуваше „бомбите“ поднесе кривична пријава против Божиновски и Јанкулоска дека сакале да избркаат лице вработено до МВР и намерно се обиделе да предизвикаат пожар во неговата кафеана, со цел да ги исплашат неговата сопруга и нивните деца. Тие се пријавени за „злоупотребана службената положба и овластување“ и „предизвикување на општа опосност“.

КЛривична пријава има и од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за вработувањето на 600 лица во Државниот секретаријат кои не оделе на работа, а земале плата, на тој начин што го оштетил буџетот за 824.000 евра. Рашковски истакна дека тие вработени ги уживале сите права, односно користеле годишен одмор, платено отсуство, иако не се појавувале на работното место, па дури и фиктивно биле оценувани за својата работа. Вработените кои не оделе на работа, редовно добивале средна оцена – тројка, која според законот им овозможува ниту да бидат унапредени, ниту, пак, деградирани. Божиновски ова го демантираше и поднесе контра-пријава.

Кривична пријава има и од полицијата. Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, поради злоупотреба на буџетот со исплата на речиси 22 илјади евра во 2016-та за авторско дело кое никогаш не било сработено. Божиновски потпишал и издал наредба од буџетската сметка на сметката на Г.Д. да се исплатат парични средства во вкупен износ од 1.200.000 денари без ДДВ, со што му овозможил противправна имотна корист и на тој начин го оштетиле буџетот за 1.352.400 денари.

Владата на седница во 2010 ја прифати оставката на тогапниот генерален секретар Стојан Тодоров и на тоа место го именуваше Кирил Божиновски.Роден е на 24 мај 1980 година во Скопје. Дипломирал на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" на политички студии при Правниот факултет во 2002 година. Магистрант е на Катедрата по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет "Јустинијан Први". Божиновски работел во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа во Општина Гази Баба. Од 2006 година работи како раководител на Секторот за меѓународни односи и соработка во Кабинетото на тогашниот премиер Никола Груевски.







Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време