25 Април, 2024
0.0323

Кој е цар за добивање тендери?

Објавено во: Економија 13 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

„Пуцко петрол“ лани им добивка од 2,5 милиони евра и таа е за 30 отсто повисока во однос на 2017 година. Профитот е 6,25 отсто до целиот приход што изнесува  40 милиони евра приходи. Учеството на профитот во вкупниот приход кај „Пуцко петрол“ е двојно поголемо од учеството на профитот во вкупниот приход на „Макпетрол“. „Пуцко петрол“ е рекордер, лани, по добиени тендери

„Пуцко петрол“, лани е една од најуспешните фирми во добивање тендери, а според достапни јавни податоци за една година оваа фирма добила 300 тендери за снабдување со нафтени деривати, според јавно достапни податоци на агрегаторот time.mk

Оваа компанија е во сопственост на Асмир Јахоски, син на Исмаил Јахиоски, градоначалникот на општина Пласница, кој воедно е  и основач на „Пуцко Петрол“.  Фирмата има лиценца за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива, а речиси без исклучок учествува на тендери и многу често ги добива договорите за снабдување на државните органи, установи, училишта, болници, локални самоуправи и други државни или јавни инстанци кои добиваат пари од централниот државен буџет за своите потреби.

Најголем тендер што „Пуцко петрол“ го доби лани беше набавката на еуродизел горива за скопското јавно сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје кој е вреден 15,35 милиони евра (со вклучен ДДВ) и е склучен во втората половина на јуни лани. Станува збор за двегодишен договор што трае до јуни 2020 година и ЈСП нема обврска да го набави целото договорено количество гориво. Милионски тендери што го добил „Пуцко петрол“ лани како најповолен понудувач се и набавките за снабдување со гориво на дизел локомотивите на МЖ „Транспорт“, набавка на гориво за потребите на МВР и за најголемото скопско комунално претпријатие „Комунална хигиена“. Лани „Пуцко Петрол“ има добиено повеќе тендери и од „Макпетрол“ иако „Макпетрол“, според приходите, има десет пати поголемо пазарно учество од „Пуцко петрол“.

„Пуцко петрол“ лани имал вкупни приходи од 40,9 милиони евра и тие се за 12 отсто повисоки од претходната 2017 година. Нето добивката на оваа компанија лани изнесува 2,53 милиони евра и таа е за половина милион евра поголема од 2017 година односно бележи раст за 30 отсто. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди