29 Март, 2024
0.0270

Кои се видните „високи гости“ што членувале во порнографската група

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Името на групата на апликацијата „Телеграм“ каде што се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки од Македонија, од кои дел се малолетни, е променето од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“, бројот на членови се намали, но фотографии и понатаму продолжуваат да се споделуваат, јавува порталот А1. 

„А1он“ влегла во таканаречената „Јавна соба“ и можела да ги следи коментарите и споделените фотографии и видеа од над 7.400 членови, а меѓу нив, според телефонските броеви, забележале и поранешни високи функционери, менаџери на кафулиња, новинари, бизнисмени… 

Инаку, кога медиумите алармираа за овој случакј, настана паника кога групата беше јавно објавена, па за неполн час 600 членови ја напуштиле. Останатите продолжија да споделуваат порнографски содржини, телефонски броеви од девојки и нивни разголени фотографии. 

Откако случајот се откри во јавноста, Бирото за јавна безбедност покрена истрага, во која се очекува да се откријат администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, каде се објавувани интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.

„Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група“, рече Спасовски. 

До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, вели дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.

„Се координираме со МВР и со МОН. Упатувам апел до сите родители  чии девојчиња се изложени,  да се обратат до Центрите за социјална работа, кои во соработка со МВР ќе постапуваат. Со МОН веќе договоривме стручните служби во училиштата да преземат мерки“, рече Шкриељ.

Треба да делуваме превентивно, а не само репресивно, дополни Спасовски, во врска со групата „Јавна соба“ преку која се разменувале порнографски содржини и кај малолетни девојчиња, а која ги вознемири родителите. 

„Кога зборувам превентивно, мислам сите заддно тоа да го направиме уште пред да се случи одреден настан, а не само кога ќе се случи. Тоа важи и за родителите, кои треба да знаат како децата да ги заштитат од социјалните мрежи, но и за образовните институции, тие доколку дознаат, веднаш да пријавуваат вакви случаи. Бидејќи, досега често се случувало во образовните институции да се знае за вакви појави, а да не се пријавува, па ние за тоа дознаваме од медиумите. Сите заедно да се бориме, и родителите, и семејствата и институциите“, рече Спасовски.


Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?