23 Април, 2024
0.0334

КОИ СЕ СКАПИТЕ ЛЕКОВИ ШТО ВУЧИЌ ГИ НАРАЧА ЗА СРБИЈА - го излечија Трамп, се состојат од антитела и делуваат како пасивна вакцина

Објавено во: Балкан 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Кои се лековите кои чинат многу пари, а кои српскиот претседател Александар Вучиќ веќе ги нарачал за Србија и ги очекува да пристигнат во април и во мај оваа година. 

Се повеќе држави ги набавуваат овие лекови, а всушност станува збор за медикаменти со кои од коронавирусот беше излечен екс американскиот претседател Доналд Трамп.

Една од државите е и Германија. Таа одлучи во борбата со корона да ги користи американските лекови Бамланивимаб и РЕГН Kов 2. Откако со овие лекови беше излечен Трамп, и многу други држави сега сакаат да го набават. 

Според информациите, лековите се состојат од антитела кои го блокираат САРС Ков 2 шилестиот протеин и на тој начин спречуваат вирусот да се поврзе и да влезе во човечките клетки. Таканаречните моноклонални антитела се произведени во лабораторија. 

Лековите делуваат како пасивна вакцина. Ако се дадат во рана фаза, тие можат да им помогнат на ризичните пациенти да избегнат тежок облик на болеста. Стручни лица ќе одлучат кој пацинет кој лек ќе го добие. Првиот лек содржи еден вид антитела, а вториот два вида. Од Регенерон, фирмата која го разви Регн Ковакс 2 велат дека нивниот лек ја зголемува шансата барем едно од антителата да се покаже ефикасно за време на третманот. Најдобри резултати тврди фирмата имаат заразени кои сеуште не развиле сопствени антитела на вирусот.

Американската агенција за лекови издаде дозвола за нивна употреба по итна постапка и од ноември се користат во САД. Овие лекови се скапи. Чинат околу 2000 евра по доза. 

А по вчерашната седница на Советот за безбедност, претседателот на Србија Александар Вучиќ, рече дека таа земја нарачала и два лека против короната.

„Нарачавме два лека, едниот пристигнува на почетокот на април, а другиот на почетокот на мај. Тие се страшно скапи лекови, едната пилула чини повеќе од илјада евра. Таа пилула го собира вирусот и го отстранува од телото. Такви лекови од европските земји нарачале само Германија, Чешка и Унгарија. Тоа дополнително ќе ги спаси животите на луѓето“, рече Вучуќ.

Нагласи дека земјата потрошила милијарди евра поради короната. 

„Ве молам, помогнете си да и помогнете на вашата земја. Не слушајте луѓе кои знаат само да уништат", додаде српскиот претседател Вучиќ.

Европската агенција за лекови го разгедува барањето за регистрација на лекот Регенс Ковакс 2. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?