28 Март, 2024
0.1638

Кои се малите локални херои кои им „крадат“ милиони евра на големите трговски ланци?

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Локални компании регистрирани за трговија на мало претежно со храна, тутун и пијалоци имаат маркети низ повеќе градови во земјава и се во рамноправна борба со големите малопродажни ланци „КАМ“, „Тинекс“, „Жито Маркети“, „Кипер“, „Кит Го“, „Веро“ и „Рамстор“. Локални успешни приказни, со изградено реноме и квалитет, со доверба кај локалните жители и нивни сограѓани. Бројките покажуваат дека не им се даваат на големите македонски малопродажни ланци и успеваат да се одржат во големата конкуренција во малопродажбата. Кои се тие?

Во Штип има три локални ланци маркети кои се во конкуренција со големите скопски брендови и со штипскиот тешкаш „Кит Го“. Станува збор за маркетите  „Зендолино“, „Пакет Маркет“  на штипската компанија „Сет-Унион“ и „Хит Маркет“. Во 2018 година најголем промет од трите штипски малопродажни компании имаа „Сет Унион“ со реализација од 12,4 милиони евра и добивка од 150.000 евра. Оваа компанија е во сопственост на Костадин Дрваров. Конкурентот „Зендолино“ остварил приходи од 5,74 милиони евра и добивка од 71.400 евра. Најмал промет има компанија на Ердин Цако – „Хит Маркет“. Приходот изнесува 4,25 милиони евра, а добивката е 4.500 евра. Во соседното Свети Николе голема локална малопродажна компанија е Астра сопственост на Тодор Серафимов која остварила приход од 5 милиони евра и добивка од 335.000 евра.

Велес има една локална компанија коај прави конкуренција на големите ланци маркети. Таа е во сопственост на Марјан Ѓошев и се вика „Алфа Маркет“, нејзиниот приход е 4,1 милиони евра, а добивката е 3.200 евра.

И во Кавадарци има сериозна конкуренција и голема доверба на локалните потрошувачи во нивните маркети. Таму оперираат МИН ЕКС и ТД ТД Маркети. Првата трговска малопродажна компанија сопственост на Петре и на Александар Трајкови остварија приход од 7,6 милиони евра и добивка од 191.000 евра. Втората компанија е сопственост на Трајќе Иванов и во 2018 година остварила приход од 6,9 милиони евра и добивка од 76.500 евра. Во соседно Неготино успешно оперира малопродажбата на Маркет Дијана ДД која во конкуренција на големите остварила приход од 9,9 милиони евра и добивка од 378.000 евра. Оваа успешна компанија е во сопственост на Сијка Димова.

Во Прилеп оперираат Соро Промет и Тобако Дисконт. Првата компанија сопственост на Миле и Методија Талески во 2018 година остварила приход од 5 милиони евра и добивка од 37.000 евра. Втората прилепска малопродажна фирма, сопственост на Марјан Тодороски, остварила приход од 4,2 милиони евра и остварила добивка од 268.000 евра.

Струмица вообичаено е град со најмногу успешни претприемачи и во случајов трговци на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, тутун и пијалоци. Компанијата Киси – Трејд остварила приход од од 4,3 милиони евра ,а маркетите на нејзините сопственици Крум и Иринка Стојкови им донеле добивка од 118.000 евра. Конкурентот „Црвена ружа„ во своите маркети оствариле приход од 9,5 милиони евра и добивка од 674.000 евра. Сопственици на оваа фирма се Ванчо и Зонка Манчеви. Третата струмичка компанија е Идеа со приход од 4,7 милиони евра и добивка од 187.500 евра. Ова друштво има тројца сопственици и тие се: Ѓорге и Зорка Чавкови и Цветанка Андоновска. „Здравец маркет“ сопственост на МГ Проактив чии сопственици се стурмичките бизнисмени Љупчо Георгиевски и Ѓоги Мицевски во 2018 година од своите маркети остварило приход од 5,3 милиони евра и добивка од 16.200 евра.

Во Гевгелија на „тешкашите“ им конкурираат две малопродажни маркет-компании. Едната е „Солун 53“ сопственост на „Интерглобус лебопекара ММ“ од Богданци и во 2018 година остварила приход од 6,1 милиони евра и добивка од 135.000 евра. Другата компанија е „Екстра Маркет“ сопственост на Ице Ѓоргиев. Таа остварила приход од 5,2 милиони евра и добивка од 225.000 евра и со помал приход има подобар профит од локалниот конкурент.

На охридското крајбрежје има две компании кои конкурираат на големите маркети. Едната е од Охрид и се вика „Тамаро Маркет“ и е сопственост на охридската компанија А.М. ДООЕЛ. Нејзиниот приход во 2018 година изнесува 8,2 милиони евра, а добивката е 234.000 евра. Во соседна Струга оперира компанијата МКБ Миса сопственост на Васил и Антон Миса. Нејзниот приход во 2018 година е 11,5 милиони евра, а добивката изнесува 617.000 евра.

Во Кичево во конкуренцијата на големите маркети се две локални малопродажни компании. Едната е АТВА маркети во сопственост на Душко Силјановски. Приходото во 2018 година изнесувал 9,5 милиони евра, а добивката 59.000 евра. Другата компанија е сопственост на Љуљзим Арифи и се вика Дукла. Нејзниот приход изнесува 5,8 милиони евра, а добивката е четврт милиони евра односно 250.000 евра.

„Даш Комерц“ е најголема дебарска фирма за трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно за храна, тутун и пијалоци. Оваа компанија чиј сопственик е Дашнор Папраднику остварила приход од 4 милиони евра и добивка од 61.400 евра.

Во Куманово оперираат две поголеми малопродажни компании. Поголемата е „Елида“ сопственост на Ласте и Светлана Лалевски.. Таа фирма остварила приход од 13,3 милиони евра и добивка од 248.000 евра. Помалата фирма е „ДУ-БО ДД Маркети“ сопственост на Далибор и на Дарко Радевски. Оваа компанија остварила приход од 4,2 милиони евра и добивка од 150.000 евра.

Во Скопје очекувано е најголема конкуренцијата. На „тешкашите“ има конкурираат „Гранд пром ЗУР“ „Харбин Супермаркет“ „Рептил маркет“ и „Гранап“. Првиот имал приход од 14,7 милиони евра и добивка од 285.000 евра, вториот 4,4 милиони евра и добивка од 255.000 евра, третиот имал најголем приход од сите четири и тој изнесува 15,8 милиони евра, но добивката е само 5.800 евра. Последниот од помалите скопски ланци маркети во 2018 година имал приход од 4,3 милиони евра и загуба о 18.400 евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат