Кои се Кинезите кои се збогатија од корона кризата?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Октомври, 2020
Кинеските супер богати личности го зголемија богатство за 1,5 билиони долари за време на пандемијата на коронавирусот.
Тоа е повеќе отколку изминатите пет години заедно, затоа што е-трговијата и е-игрите во пандемијата имаа скок.
Уште 257 луѓе, се приклучија на клубот милијардери во економијата број два во светот до август. Во Кина сега има вкупно 878 милијардери.
Џек Ма, основачот на Алибаба, уште еднаш е на врвот на листата откако неговото богатство се зголеми за 45 проценти до 58,8 милијарди долари. Неговите мрежни трговски фирми имаа наплив на деловна активност бидејќи луѓето со месеци беа со рестрикции.
По него следува Пони Ма (57,4 милијарди долари), шеф на гејмерски гигант и сопственик на WeChat, Тенсент, кој заработи дополнителни 50 проценти и покрај загриженоста за изгледот на неговата фирма во САД.
Кина е земјата каде се појави вирусот лани, а потоа се прошири во целиот свет.
Во САД има 626 лица кои се на списокот на супер богати од почетокот на годината.