13 Септември, 2024
0.0232

КОИ СЕ АКЦИОНЕРИТЕ И КОЈ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗЕМЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА АКЦИИТЕ ВО СТОПАНСКА БИТОЛА - ова се деталите

Објавено во: Финансии 27 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка ги објави Понудата и Проспектот за преземање на Стопанска банјка Битола, кои се јавно достапни за акционерите на Стопанска банка Битола.

„Понудената цена на акциите издадени од Стопанска банка АД Битола изнесува 3.200 денари по акција, а рокот за прифаќање на понудата изнесува 28 дена - од 26.08.2024 година до 22.09.2024 година“, се вели во објавата од банката.

Како праг на успешност се смета 67 проценти плус една од сите обични акции издадени од оваа банка.

Повеќе детали за понудата објавивме во интервјуто на првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов.

А, од проспектот е интересно да се види кои се всушност акционерите на Стопанска банка Битола, бидејќи десега се гледаше само акционерот кој поседува над 5 отсто од вкупниот акционерски пакет, односно „Пелистерка“, која располага прецизно со 16,99 отсто од акциите. Станува збор за 66.437 акции.

За овие свои акции овој најголем, поединечен акционер би добил 3,46 милиони евра.

Освен „Пелистерка“, ова се преостанатите акционери на Стопанска банка Битола.

Трајан Маслалковски располага со пакет од 4,99 отсто од акциите или 19.501 обична акција и за својот пакет тој би добил 1,01 милиони евра. 

Тони Јосифовски има само една акција помалку, што исто одговара на 4,99 отсто, и за овој пакет се добива исто така сума нешто малку повисока од еден милион евра. 

Ненад Јосифовиќ располага со 4,93 отсто од акциите, што одговара на 19.820 акции, што значи дека доколку се продадат сите овие акции, тој ќе инкасира па речиси точно еден милион евра. 

Комманијата ДПТУУ Тимох ДОО Скопје поседува точно 19.000 обични акции, што е рамно на 4,86 отсто од акциите, или тие би и донеле 989 илјади евра. 

Самиот холдинг ОРКА, пак, поседува нешто помалку, односно пакет олд 4,68 отсто, што значи дека има 18.294 акции, кои пак би и донеле сума од 952 илјади евра. 

Потоа, таму е акционер и Друштвото Нет електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје, кое има во сопственост 16.232 акции или 4,15 отсто, и тие ќе донесат доколку се продадат сума од 845 илјади евра.

На листата како акционер следна е компанијата Скопски пазар, која има во свој посед 16.019 акции или 4,10 отсто, за што би се инкасирал износ од 834 илјади евра. 

Уште еден интересен акционер, а тоа е друштвото Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ, кое е во сопственост на бизнисменот Сашо Мијалков, и кои од продажбата на акциите во Стопанска банка Битола, а кои се 15.065 или 3,85 отсто, очекуваат износ од 784 илјади евра.

И, акционерот Русе Иљоски поседува 14.349 акции, односно 3,67 отсто, и овој акционер се надева од продажба на своите акции да земе 747 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија